August 2018

„Марш до Мусица“ и забава со Марио Еди и Шербет на 8 септември

Sherbet

На 8-ми септември, по повод денот на независноста на Република Македонија и денот на ослободување на Крушево локалната самоуправа, Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и во соработка со угостителскиот сектор организираат целодневна забавна програма.

Утрото со почеток во 9 часот ќе се одржи планинарска тура до врвот Мусица, а во вечерните часови со почеток во 21:00 настап на групата Шербет и ди џеј Марио Еди во градскиот парк во Крушево.

 

Македонско и Унгарско пред Светско параглајдинг првенство

Macedonian and Hungarian Open Krusevo 2018

Македонското и Унгарско параглајдинг првенство дел од пред Светските првенства 2018 се одржа во Крушево од 5-ти до 11-ти август со 134 учесници. Дополнително, во исто време на полетувалиштето на Мечкин Камен имаше уште стотина рекреативни параглајдеристи кои го исполнуваа небото со различни бои. 

Од недела, 26-ти август, започнува Нордик опен.

ФОТО Влатко Стефановски со одличен настап во Крушево

Vlatko stefanovski

Поранешниот гитарист на познатата македонска група Леб и сол, а сега соло изведувач Влатко Стефановски синоќа внесе позитивна енергија, донесе забава во Крушево и инспирира многу фотографии и видео записи од неговиот настап.

Како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Републиак“ на 9-ти август во градскиот парк во Крушево настапи Влатко Стефановски кој ги привлече не само крушевчани, туку и посетителите од соседните градови околу Крушево. 

Стефановски отсфири и отпеа дел од неговите најпознати песни и со присутните сподели дел од својата харизма.

ФОТО Концерт на Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска

Елена Дојчинова

Во рамки на 7-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ концерт одржаа Елена Дојчинова на флејта и Марија Ѓошевска на пијано.

Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска се едни од најголемите професионалци во својата работа, а зад себе имаат многу настапи кои зборуваат за нивното долгогодишно искуство како музичари

На концертот, меѓу другите, присуствуваше и директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески со неговото семејство.