Бесплатна промоција на вашиот бизнис

Бесплатна промоција на вашиот бизнис

Love Krusevo
Krusevo
Discover Krusevo
Krusevo
Една од главните идеи на новиот веб портал krusevo.mk (krushevo.com) е Крушево и се што нуди да биде видливо на интернет и овој портал, од една страна, да претставува уште една опција за промоција на локалните капацитети, а, од друга страна, заеднички да создадеме еден сервис за потенцијалните туристи. Целта на овој портал е да ги услужиме нашите гости и krushevo.com да биде местото каде што луѓе ширум светот ќе пристапуваат и ќе ги добиваат сите информации за градот. Примарната карактеристика на новиот портал е да им отвори простор на сите локални бизниси, даватели на услуги, угостители да создадат своја страница овде и преку фотографии, текст, видео и нестани да ги нудат и промовираат своите услуги. Начинот кој што го спроведуваме е секој бизнис самостојно и независно да си ја води својата страница. Заради овие причини создадовме упатство за сите наши потенцијални корисници и сите мејл адреси што ги имаме во нашата архива ги искористивме за да го испратиме упатството до давателите на услуги. Но, немаме контакти од сите даватели на услуги во Крушево, како сместување, ресторани, пицерии, кафулиња, продавници, такси и слично. Преку оваа објава сакаме да ви дадеме до знаење дека можете да не' контактирате во секое време и на тој начин да го добиете упатството, кое ќе ви ги даде основните и неопходни информации за креирање и менаџирање на ваша страна на krusevo.mk. Контактирајте не' на: 071 384 410 https://www.facebook.com/sotir.gabeloski Sotirgabeloski@yahoo.com. Krushevo.com претендира да стане меѓународен веб портал кој ќе биде главен информатор на многубројните туристи, искористете ја шансата и креирајте страна на вашиот бизнис и бесплатно промовирајте го она што го нудите. Со почит, Сотир Габелоски.