„Десет дена Крушевска Република“ - настан за сите возрасти

„Десет дена Крушевска Република“ - настан за сите возрасти

Bona Dea
Sherbet
VLatko i Miroslav
Loba

Оваа 2019 година веројатно е исклучок кога се работи за квалитетот на програмата на Манифестацијата научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“ и очекувањата се дека годинава заедно со Светското првенство во параглајдинг ќе дадат особен импулс во привлекувањето на повеќе туристи.

Со години од организаторите на Манифестацијата се бараше модернизација на програмата, но тоа не значи внесување на активности како журка до зори и електронска музика исклучиво. Дополнителна вредносна тежина на настанот дава и цврстата поддршка која доаѓа од еден општествено одговорен субјект како што НЛБ банка АД Скопје. Банката покрај низата настани што ги поддржува, како Европското првенство во змајарство 2018 година, П.С. Гитар фест и други, дава силна финансиска и логистичка поддршка на настанот.

Поддршката од банката значи дека овој настан ги надминал сите политичко-партиски бариери и прераснува во исклучиво културен настан со понуда за различен тип на посетители на Крушево, возрасни години и зачувување на историјата.

Но, да преминеме на програмата за „Десет дена Крушевска Република“ 2019 година:

Манифестацијата се отвора со Влатко Стефановски и Мирослав Тадиќ и презентирање на албумот „Крушево“, а после нив наста на македонската филхармонија. На 2-ри се одвива централната прослава на Мечкин Камен, а за 3-ти и 4-ти предвидени се Унгарската и Влашка вечер со презентација на песни и книги, концерти, а во рамки на одбележувањето на влашката култура е одржување на јавна трибина за пописот кој треба да се одржи во државата. Го спомнувам овој дел во функција на разноликоста на настанот, односно понудата која се движи од забава, преку одбележување на историските настани и едукација.

На 5-ти започнува Светското првенство во параглајдерство кое брои рекорден број на учесници во историјата на овој спорт, и тоа 49 учеснички-земји од целиот свет. Отворањето се одбележува со групата „Фолтин“, а потоа следува концерт на Влатко Груевски - тенор.

Во рамките на Манифестацијата до 10-от ден од настанот следуваат театарски претстави за деца и возрасни („Зеленковци“ и „Првин ќе ме земеш ,па после че ме..“), концерти на групата Бона Деа (8-ми август), Шербет и Галоски (9-ти август) и на затворањето ќе настапува Викторија Лоба.

Целосната програма е претставена на „Фејсбук“ настанот и истата, како што е погоре споменато, нуди разнолика понуда за крушевчани и за посетителите. (Линк до настанот: https://www.facebook.com/events/431941974202188/

„Десет дена Крушевска Република“ е само еден од настаните кои го исполнуваат Крушево со атрактивни содржини во текот на летото, но и цела година. Од тие причини, понудата на Крушево како туристичка дестинација содржи можности за активен туризам како параглајдерство, планински велосипедизам, планинарење, јавање на коњи и културни настани како концерти (Крушево будно), уметност (П.С. Гитар фест) и спортски настани (турнир во мал фудбал „Илинден 2019“).

Пишува: Сотир Габелоски