Крушево - домот на параглајдингот

Крушево - домот на параглајдингот

Paragliding
Krusevo Open 2017
Krusevo Open 2017
Krusevo Open 2017

Туристичката кампања за откривање на убавините на нашата земја ги дава посакуваните ефекти. Секое интересно место кое има што да понуди веќе е на мапата и на домашните, а многу повеќе на странските посетители . Така е и во крушево, кое со многубројните содржини, а секако и со природата, ги одушевува туристите...

Крушево веќе пулсира 12 месеци во текот на годината како вистински туристички центар. Градот е преполн со гости. Прекрасната природа, параглајдингот, музеите, историјата се адутите на Крушево.

Мечкин Камен, Крушево. На 1420 метри надморска височина. Поглед на пелагониската рамнина што восхитува. Чуството е возвишено, се чини го имате просторот на дланка. Тоа е излетиштето на летачите, на „зависниците“ од адреналинот. На луѓето кои посакале и храбро го приграбуваат чувството да се биде човек-птица. Тоа се параглајдеристите. Македонските, европските, светските. Го пронајдоа своето идеално место за да се вивнат во височините, да остават сè приземно, да се доближат до небесните височини.Странските параглајдеристи ги привлекуваат прекрасните излетишта во Крушево и на Трескавец.

Пределите се фантастични за прецизното слетување и за долгите прелети во кои со часови трае уживањето. Небото над Крушево е полно со воздушни струења. Широките долини нудат повеќе места за сигурни и безбедни слетувања. Опкружено од сртови и ридови, Крушево нуди одлична инфраструктура за пристап до стартните места за полетувања,како и локации каде пилотите лесно можат да бидат соберени после подолги крос-кантри летови.

Во Крушево сезонски работат неколку параглајдинг клубови и нудат тандем параглајдинг летови по пристапни цени.

Автор: Стефо Јанкулоски