Пет впечатоци после една недела во Крушево

Пет впечатоци после една недела во Крушево

Krusevo
Krusevo
Krusevo
Krusevo
Krusevo
По мое мислење ретко се случува во пракса да ги доживееш возвишените очекувања за одредена работа. Нормално е за нашата прва средба со некое место или личност да ни’ фали нешто во споредба со сликите кои претходно не’ маѓепсале. Во Америка, на пример, вообичаено е да ги хиперболизирате добрите страни и да ги минимизирате впечатоците за лошите за да ја достигнете вашата поента. Прифатливо е, но до одреден степен, да користите грандиозна и преопширна реторика. Исто така, нормално е дека сите, вклучувајќи ги и Американците, брзо учат да ги менаџираат очекувањата. Го споменувам сето ова затоа што е поврзано со мојот прв впечаток од Крушево Од периодот кога дознав дека ќе работам овде, во Крушево, до моментот кога прв пат стапнав од комбето во градот нивото на впечатоците што ги имав за Крушево беше преголемо и преувеличено. Еве ги четирите реченици кои ги чув претходно: 1. Крушево е најубавиот град во цела Македонија!; 2. Крушево е најчисто од цела Македонија!; 3. Е, оттаму е Тоше Проески!; 4. Во Крушево има параглајдинг, сноуборд и природа што го зема здивот!. Да бидам искрен, малку ја преувеличив последната реченица затоа што не го знам македонскиот збор за „breathtaking“, но верувам дека ме разбравте. Секој ден слушав бескрајни пофални зборови и перцепцијата која се градеше кај мене ги достигна височините на небото. Тогаш ,го направив она што секој би го направил, а тоа е ги комбинирав очекувањета со здрав скептицизам за на крајот само да чекам и да дознаам лично. Како волонтер на Мировен корпус, кој се подготвува да работи во наредните две години со општина Крушево, не сакав да отидам со превисоки очекувања и да се разочарам. Но, Крушево ги достигна и надмина сите мои очекувања. Кога се симнав од комбето бев пречекан од еден од најубавите пејсажи кои некогаш сум ги видел. Затоа, дозволете ми да ви зборувам за моите пет впечатоци од оваа идилична дестинација и како таа ги надмина моите очекувања. 1. Живописна природна убавина Не можете да зборувате за ова место без претходно да се осврнете на основата, а поголемиот дел од Македонија има цврст и нескротлив однос кон тоа. Крушево е како скапоцен камен над круната на Македонија со многу карактеристики на градовите сместени во планини: егзотични врвови, прекрасни ридови, снежна покривка која те носи во некоја зимска идила. Но, исто така, Крушево е препознатливо по невообичаената архитектура. Калдрми, прекрасни куќи со големо наследство и зачудувачко зачувување на културни споменици кои ве тераат да се запрашате дали сте го допреле рајот, реченица која ја чув пред да дојдам овде. Тогаш, не обрнав многу внимание на оваа реченица, но после првите впечатоци секако ја земам во предвид. За време на прошетката со мојот соработник околу центарот на градот здогледав еден хоризонт. Бев пречекан од еден поглед кој изгледаш како слика на Ванг Гог. Маглата стана толку густа што не се гледаше низ неа. Единственото видливо нешто беше мијазам кој кружеше околу еден планински врв и ја покриваше долината под неа во целост, терајќи ве да се запрашате дали воопшто има нешто под таа магла. Како несакајќи да сум се искачил во македонскиот рај. 2. Многу активноси Ова се’ уште не сум го пробал, но постојано слушам за истото. Туризмот игра главна улога во економијата на Крушево и, оттука, има низа активности во текот на цела година кои привлекуваат многу различни видови на посетители. Кратка листа од она што го дознав: • Параглајдинг – Често слушам дека овде е главната локација за параглајдинг на Балканот, а можеби и во Европа. Градот бил домаќин на многу натпревари а во план е одржување на многу Интернационални параглајдинг првенства. Привлекува посетители и натпреварувачи од секаде (најмногу слушам за француски и австралиски напреварувачи). Ова е голем спорт за кој ми велат дека мора да го пробам пред да заминам одовде. • Скијање – Ова е веројатно втората работа за која најмногу се зборува. Постојано слушам за ски центарот и колку морам да го пробам. Се’ уште не можам да зборувам за тоа искуство, но како што зимата брзо стапува на сцена сакам што поскоро да ставам скии и да научам да скијам. • Планинарење и планински велосипедизам – Ги споменувам овие две работи истовремено затоа што на прв поглед се слични. Сигурно во лето пејсажите се прекрасни и веројатно затоа планинарските патеки и оние за планински велосипедизам не излегуваат од мода. Се’ уште не сум научил каде се патеките, но тие ќе ми бидат втор дом во лето. 3. Чистота (проширено) Многу македонски општини се соочуваат со проблемот на аерозагадување, но за Крушево тоа не е проблем. Улиците се чисти и без расфрлани отпадоци. Градот отелотворува грациозна архитектура која ја надополнува глетката. Премногу често цивилизацијата знае да ја уништи природната убавина, но во Крушево тоа не е случај. 4. Култура Крушево претставува привлечна комбинација на минатото и сегашноста. Насекаде гледате такви заеднички обиди и двете да се испреплетуваат. Модерен ски и параглајдинг центар опостојува заедно со класични домови. Музејот на македонската музичка ѕвезда е на неколку чекори од Македониум, спомен кој ги отсликува 10-те дена Крушевска Република што претставувала бунт против Отоманската империја.Традиционалните јадења како локумот се само на неколку минути од најдобрите пицерии во Македонија. Исто како што градот се стреми да ја поврзи цивилизацијата со природата исто така се поврзува и современата култура со историската гордост. Со ова само малку опфатив од се она што може да се види овде, но се надевам дека се од она што не го спомнав ќе го спознаеме со текот на времето 5. Гостопримливост Пред да навлезам подлабоко во оваа тема морам да дадам малку контекст за да бидеме фер со остатокот од Македонија. Генерално, бев пречекуван многу топло насекаде во Македонија каде што бев. Македонците се секогаш љубопитни и генерално гостопримливи, но, Крушево е на едно поинакво ниво. Се случија неколку мали работи кои придонесоа за моето позитивно пристигнување овде, но има две приказни кои ми доаѓаат на памет во моментов. ¬Првиот настан е од почетната тридневна посета во ноември. Тогаш мојот македонски беше на потпросечно ниво во однос на фактот дека патувам сам или со јавен транспорт. Кога се симнав од автобус во Прилеп не знаев како да прашам со каков транспорт да одам од Прилеп за Крушево. За среќа сретнав жена по име Валентина која се враќаше за Крушево по истата рута како и мојата. Таа милостиво ме донесе до висинското комбе за Крушево и се осигура да не завршам во комбе за Битола или на една од многуте други дестинации. Кога стигнавме дури и чекаше со мене за да види дали некој ќе ме пречека и дека ќе има со кој да продолжам понатаму. Втората приказна е по напуштањето на Крушево по првата посета кога се враќав во Прилеп. Се спријателив со постара жена додека чекавме транспортот да пристигне, односно таа наметливо се спријатели со мене. Јас очекував автобусот да влезе во автобуската станица, од каде што пред два дена се упатив нагоре во планините, но бабата знаеше подобро од мене. Испадна дека автобусот застанува блиску до автобуската станица и продолжува кон центарот на градот. Без некоја цел „скролав“ на телефонот и бабата проговори со возачот кога се симнуваше и побара да ме праша каде ќе слезам. По краток разговор сфатив дека треба да слезам со неа и набрзина се симнав од автобусот. Генерално, се уште имам впечаток дека имам опфатено само дел од она што Крушево го нуди. Ја видов површината на многу различни активности и места, но допрва треба да ги искусам. Крушево го сфаќам како град кој секогаш има нешто скриено и се радувам на секое ново изненадување.