16-то Светско првенство во параглајдинг

Започнува на
Завршува на
16th FAI World Paragliding championship

Август 2019, во Крушево на Мечкин Камен ќе се одржи 16-тото Светско првенство во параглајдерство со учесници од многу држави ширум светот.

Воздухопловната федерација на Македонија објави дека и 23-тото Светско првенство во змајарство ќе се одржи во Крушево во јули 2021 година.

„ На последната пленарна конференција на ФАИ одржана во Лозана од 1.2 до 3.2.2019 год. официјално е доделена организацијата на 23 Светско Првенство во змајарство/hang gliding класа 1 на Воздухопловната Федерација на Македонија. Светското првенство ќе се одржи во Крушево во јули 2021 година. Ова е уште една голем успех на ВФМ и на Крушево и уште една можност да го оправда имиџот на потврден и успешен организатор на натпревари од спортското воздухопловство од највисок ранг. Честитики до управата на ВФМ, до организаторите, општината Крушево и сите други субјекти кои што несебично давале и даваат подршка на ВФМ и го потикнуваат развојот на спортското воздухопловство во Македонија“, пишува во известувањето на Воздухопловната федерација на Македонија.

Минатата година во Крушево се одржа Европско и Светско првенство во змајарство со учесници од повеќе од 30 земји и многу авантуристички посетители.