Десет дена Крушевска Република

Започнува на
Завршува на
Krusevo Republic
Krusevo Republic
Krusevo Republic
Krusevo Republic
Teheatre
Arnaudova
Stefanovski
ридско-брзински трки

Отворањето на Манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ ќе започне на 1-ви август со македонскиот музичар Кристина Арнаудова. 

Покрај вечерниот настап во текот на денот ќе се одржат и следниве активности:

Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев

1 Август (среда)

Отворање на НКС „Десет дена Крушевска Република “ 2018

10:00

Посета на спомен-куќата на Смилевскиот Конгрес и полагање цвеќе пред споменикот на Дамјан Груев

13:00

Изложба со традиционални влашки носиина доцент м-р Ванѓа Димитријева-Кузманоска,ТТФ Унирвезитет „Гоце Делчев” – Штип (1.8. 2018 г. – 30.8. 2018 г.)

18:00 – 18:30

Доаѓање на коњаниците пред столбот на Крушевската Република                                 

Делегацијата за полагање цвеќе предводена од коњаницата се движи кон Гумење

18:30 – 19:30

Полагање цвеќе:

  • пред бистата на Веле Марков;
  • на гробот на Питу Гули;
  • на гробот на Тоше Проески.
  • пред споменикот на партизанските гробишта
  • средина во криптата на илинденските востаници

20:30 – 21:30

Церемонија на отворање на НКС „Десет дена Крушевска Република“ 2018

  • Интонирање на химната на Република Македонија – Влатко Груески
  • Обраќање на Градоначалникот на Општина Крушево м-р Томе Христоски
  • Доделување на плакети:
  1. Христо Христоски Мулар (постхумно)
  2. Илинденски Марш

21:30

Огномет и импровизиран напад на градот и импровизација на  пукање на црешовото топче

Локација: плато на Гумење

Вториот ден е резервиран за централниот традиционален настан на Мечкин Камен во присуство на висока делегација и етно музичка приредба. 

2 Август (четврток)

Во чест на Илинден

09:30 – 10:00

Полагање на свежо цвеќе на гробот на Никола Карев

10:00 - 10:30

Полагање на свежо цвеќе на хероите на споменикот Слива

10:30 – 11:15

Панихида во храм „Св.Никола“

12:00 – 13:15

Во чест на Крушевската Република – првата Република на Балканот

12:00 – 12:10

Поздрав на коњаницата проследена со костимирана придружба

12:10 – 12:25

Полагање на цвеќе и венци на Мечкин Камен

12:25 – 12:30

Интонирање на химната на Република Македонија

12:30 – 12:45

Обраќање на Претседателот на Р. Македонија

12:45 – 13:15

Културно – уметничка програма на КУД „Илинден“ Битола

Локација: Мечкин Камен

13:15

Коктел

Локација:х.Монтана

На третиот ден на градскиот плоштад „Никола Мартиновски“ ќе настапи Битолскиот народен театар со претставата „Грета од Фауст“, со почеток во 19:00.

Четвртиот ден од програмата е веројатно најисполнет. Во текот на целиот ден ќе се одржат настани кои од културен, историски и традициски аспект ќе зборуваат за историјата на влашкиот народ во Крушево. Згора на тоа, ридско-планинските автомобилски тури се враќаат во Крушево и ќе се одржат два тренинзи на 4-ти август.

Еве го редоследот на настаните

4 Август (сабота)

Влашка култура и традиција

7:30-12:00

Шампионат на Македонија на ридски патеки(тренинг)

18:00

Манифестација посветена на Власите и влашката култура

Локација: Градски плоштад

Наредниот ден на 5-ти ќе се одржат две трки, а од 18:00 часот ќе се одржи манфиестација посветена на унгарската култура.

Шестиот ден е резервиран за така наречената „Крушевска вечер“ каде што ќе настапат ди џеи од Крушево во градскиот парк во Крушево со почеток во 21:00.

За 7-ми е закажан концерт на Елена Дојчиноска - флејта и Марија Гошевска - пијано на градскиот плоштад во 21:00.

Настап на културно уметнички друштва и целодневна изложба во центарот на градот на Соколовски 3Д арт дизајн од Битола е дел од програмата за 8-ми август.

На 9-ти ќе настапува Влатко Стефановски во градскиот парк, а настанот ќе го затвори Биг бенд на 10-ти август пред споменикот „Илинден“ на „Гумење“. 

Следете го krusevo.mk И нашите Фејсбук страници Викенд во Крушево (https://www.facebook.com/WeekendInKrusevo/) и Discover Krushevo (https://www.facebook.com/discoverkrushevo/

Ова е традиционален настан кој се случува секоја година и се состои од музика, театар, спорт и култура кои го означуваат Илинденското востание и периодот кога градот бил ослободен од Отоманската империја.

Настанот е организиран од општина Крушево и Научно културни средби „Десет дена Крушевска Република“.