ФИС Ролер ски куп Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
Fis

Овогодинешниот меѓународен натпревар во нордиско скијање ФИС Ролер ски куп Тоше Проески ќе трае 3 дена со 3 трки од 23-ти до 25-ти август, а отворањето ќе се случува во спомен куќата „Тодор Проески“ во петок со почеток во 18 часот.

Традиционално, настанот содржи 2 трки, во сабота и недела, но оваа година настанот ќе започне со трка уште во петок. Учесници покрај од Македонија доаѓаат од Србија, Грција и Босна и Херцеговина.

Настанот се организира во чест на македонскиот пејач Тоше Проески и е во организација на Скијачката федерација, Олимпик ски клубот од Крушево со поддршка на Министерство за внатрешни работи, Агенција за млади и спорт, општина Крушево и општина Кривогаштани.