Гитар фестивал Крушево

Започнува на
Завршува на
Guitar
Borche Naumoski
Slobodan Milivojevic
Srdjan Tosic

Гитар фестивал Крушево (Guitar Festival Krusevo) е меѓународен фестивал за гитара кој вклучува мастерклас предавања и концерти на меѓународно признати професори и артисти.

Настанот започнува на 24-ти јуни во 18 часот со концерт на професорот Борче Наумоски. Вториот ден, 25-ти јуни, професорот Срџан Тошиќ ќе одржи мастерклас предавање, а професорот Слободан Миливојевиќ ќе има свој концерт.

Третиот ден започнува со мастерклас предавање на професорот Миливојевиќ, потоа концерт на Срѓан Тошиќ и затворање на фестивалот.

Настанот е инициран од локален музичар и професор по музичко образование и ова е втор пат како овој настан се одржува.

Биографии на настапувачи:

1. Борче Наумоски е професор и доцент на Факултетот за музичка уметност при Унвиерзитетот Св. Кирил и Методиј, а во 2006 година магистрирал на Факултетот за музичка уметност во Белград под менторство на професор Срџан Тошиќ. Учествувал на неколку значајни фестивали на гитара како настапувач и жири, меѓу кои: Тремоло гитар фестивал, Скопје гитар фестивал, Златна Лира, Музичка младина на Македонија и други.

2. Српскиот гитарист Слободан Миливојевиќ е Магистер на Индијана универзитетот во Блумингтон каде што работел со професор Ернест Битети на гитарски репертоар од 20-ти и 21-ви век и интепретација на дела од периодот на ренесансата и барокот. Миливојевиќ има освоено прва награда на натпреварот за изведување на музика од Шпанија и Латинска АМерика 2017 година.

3. Срџан Тошиќ бил професор на Борче Наумоски и Слободан Миливојевиќ на Универзитетот во Белград. Добитник е на награди на Меѓународниот натпревар на музичка младина (Белград, 1985), Југословенскиот натпревар на музички уметници (Загреб, 1985) и наградата „Андрес Сеговија“ во 1989 во Сантијаго де Компостела, Шпанија. 

Покрај Борче Наумоски и Срџан Тошиќ тој бил професор на многу студенти кои изградиле успешни кариери.