Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци

Започнува на
Завршува на
City Library
Montana Palace

Од 10-ти до 12-ти мај во Крушево, во хотел Монтана Палас, ќе се одржи Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во организација на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со поддршка на град Скопје и програмата за култура за 2019 година на град Скопје.

Темата на Конференцијата е „Насоки за дигитализација на културното наследство во библиотеките“ и ќе содржи две работилници. Гости на настанот се претставници од градската библиотека од Белград, Србија, сертифицирани обучувачи од Интернет сојузот на Србија, градска библиотека на Софија, Бугарија, и гости од Хамбург, Германија.

Гостите и учесниците покрај работниот дел ќе направат и неколку обиколки во Крушево за да се запознаат со историјата и традицијата на градот.

Конференцијата ќе започне на 10-ти мај во 15 часот со посета на спомен куќата „Тодор Проески“ и гробното место на познатиот пејач.