Организиран пречек на маратонците во чест на Тоше

Започнува на
Завршува на
Maraton vo cest na Tose
Maraton vo cest na Tose
Maraton vo cest na Tose

Во вторник организираме заеднички пречек во град Крушево на маратонците во чест на Тоше. Оваа година сакаме да организираме потопол пречек кој нема да се случува само на Гумење, туку и низ улиците во градот каде што ќе поминуваат маратонците.

Идејата е следна:

Сите заинтересирани (институции, кафулиња, издавачи на соби, ресторани, пицерии, продавници, граѓани и др.) да си набават за себе по една ружа и по можност да учествуваат со повеќе ружи како донација за настанот. Потоа, претставниците од институциите и приватниот сектор и сите граѓани околу 12 часот да излезат на улиците во градот и при поминувањето на маратонците да ги спуштат ружите покрај патот. Овие ружи како симбол ќе останат на улиците во текот на целиот ден.

Сите заинтересирани можат да се јават во општината или на следниот телефонски број 075 252 133 и да го потврдат своето учество. Апелираме до сите институции и сопственици на приватни претпријатија да учествуваат со своја донација во овој настан.

Со ова ги покануваме сите граѓани во 12 часот во вторник, 16-ти октомври, да присуствуваат на свечениот пречек на маратонците, кој покрај на улиците низ градот ќе се случува и на „Гумење“.

Сите заедно да организираме еден допол пречек на маратонците и уште еднаш да го спомнеме името на Тоше и да покажеме колку значи.

Организатори:

Општина Крушево
СОУ „Наум Наумовски Борче“
ОУ „Никола Карев“
ЈП „Комуна“
Локален младински совет Крушево