Регионални пензионерски спортски игри

Започнува на
Завршува на
Regional Games

Регионалните пензионерски спортски игри оваа година ќе се одржат во Крушево на 26-ти мај со натпреварувања во многу спортови и учесници од неколку градови од државата.

Почетокот на настанот е закажан за 9:30 часот во хотел Монтана Палас со свечена церемонија за отворање на настанот и од 10 часот ќе започнат натпреварите.

Натпреварите ќе бидат во спортови како фудбал, кошарка, тенис и други кои ќе се одржуваат на „Гумење“ и натпреварување во шах и други спортови кои ќе се одржат во хотелот.

На 26-ти мај започнува и Пролетниот параглајдинг куп во организација на општината.