When In Krushevo 2019

Започнува на
Завршува на
Paragliding photo from When In Krushevo 2018

Со големо задоволство ги објавуваме датумите на одржување на третото издание на „Вен ин Крушево 2019“, еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево. Од 21 фо 23 јуни искусете ја секоја природна убавина што овој града може да ја понуди.

Земете учество во бројните рекреативни активности кои се вкоренија во локалната клтура, почнувајќи од параглајдинг, преку кајакарење па се до планинарење. Настанот ќе се одржи на Крушевското Езеро кое ќе биде камп за за одржување на многубројните планирани активности. Секој може да се приклучи на овој голем настан, а повеќе информации можете да најдете на линкот подолу. Проверете, пријавете се и учествувајте!

Програмата за настанот е подготвена и еве што не очекува година на фестивалот:

21 Јуни 2019, петок
---------------------------------------------------------

16:00-20:00 пристигнување и пријавување на учесниците во Параглајдинг инфо центар
-Крушево, поставување на шатори на Крушевското Езеро, за секој учесник следува маичка и пакет на производи од спонзорите.
21:00 официјално отворање
22:30 Invictus

00:30 NATTY FIYAH SS

- DJ Бапчу


22 Јуни 2019, сабота
---------------------------------------------------------

08:00-09:00 почеток на турите за планински велосипедизам и планинарење,
- долга тура за планински велосипедизам 40км,
- кратка тура за планински велосипедизам 20км,
- долга планинарска тура 20км,
- кратка планинарска тура 10км,
Патеките за велосипедските тури ќе бидат облежани, за секоја тура се обезбедени водичи и освежителни пунктови на повеќе места.
15:00 заеднички ручек обезбеден за сите учесници во Adventure park and restaurant Бегова Корија
13-19:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
13-19:00 пинг понг, јога, јавање, kids korner и други активности
22:30 Тhe Hounds
00:30
TODOROFF

23 Јуни 2019, недела
---------------------------------------------------------

10:00-16:00 тандем параглајдинг на Мечкин Камен, екстра поволни цени за сите учеснции, летови изведени од најдобрите пилоти на Heli XC
10:00-16:00 обезбедени влезници за музеи во Крушево за секој учесник на фестивалот
13-17:00 кајак и SUP (stand up paddle board) тури на Крушевското Езеро со екстра поволни цени за сите учеснции, обезбедени од професионален тим
17:00 затворање на фестивалот

 

Поддржано од: Општина Крушево, НЛБ Банка, Халк Банка, Хотел Монтана Палас, Хотел Панорама & Спа, Бегова Корија, Витаминка Прилеп


* Организаторот го задржува правото за промена на распоредот.

Facebook Link: https://www.facebook.com/events/788812511504052/

 

Очекуваме гужва за When in Krusevo!