Историја на Крушево

Историја на Крушево

smrt ili sloboda
Ilinden
Ilinden
Ilinden
Ilinden
Ilinden
Ilinden
Ilinden
Ilinden President
Ilinden
Ilinden

Основање на Крушево

Многу научници кои што пишувале за Крушево, мислеле дека Крушево било нова населба основана во 18ти век, со неаслување на Влашките одгледувачи на говеда во оваа област. Како и да е, се докажа дека Крушево е многу постара населба. Најпоследните достапни документи потврдуваат дека Крушево е за прв пат спомнато во 1767 година како мезра (место без популација кое што понекогаш е населувано и подоцна миггрирано, или никогаш не било населено, но требало да биде дадено во сопственост на земјопоседник со цел да се насели) во сопственост на земјопоседникот Хусеин Бег, заедно со Прилеп и другите села. Има и други Турски и други извори кои што тврдат дека Крушево постоело како населба долго пред 18ти век. Изгледа дека првите жители на Крушево биле Македонци кои што го дале името на оваа населба. 

На почеток, Крушево било мала населба за одгледување говеда, а брзиот раст е поврзан со населувањето на Власите во 18ти век, за потоа да следи бројна Македонска популација. Најголемиот број на Власи дошол од Москополе и други региони, бегајќи од Отоманската опресија, додека Македонците се од Дебарскиот регион и други места од Западна македонија кои исто така бегале од насилството барајќи подобар живот. Меѓу нив имало вешти трговци (особено меѓу Власите), а исто така имало и доста занаетчии, одгледувачи на стока, професии кои што дале одреден карактер на градот.

Илинденско востание од 1903

За време на Илинденското востание најголемиот успех бил постигнат во револуционерниот округ Крушево. Во летото 1903, на оваа територија е формиран штаб на востанието предводен од раководителот на револуционерните окрузи од Крушево, Никола Карев. Подоцна Карев станал претседател на ново оформената Крушевска Република. Тој го напишал Крушевскиот Манифест кој што повикувал на сите луѓе кои што живеат во Макеоднија да му се придружат во борбата за слобода.

На 02.08.1903, на св. илија, околу 750 револуционери го нападнале Крушево. После неколкучасовни битки градот бил преземен од Отоманите. Во месноста наречена Гумење бунтовниците ја креирале Крушевската Република, која што постоела во периодо од 03.08.1903 до 13.08.1903. 

Републичката организација на локалните власти била импресивна. Главните револуционери се погрижиле за безбедноста на граѓаните, додека Советот на Републиката се состоел од 60 члена со што имало по 20 членови од секоја етничка заедница во Крушево (Македонска, Грчка и Влашка)

Изненадената Турска влада презела опширни воени мерки да го задуши востанието: 176,000 војници, 3,700 коњнаница и 444 топови биле испратени во Македонија. После жестоки и херојски битки во близина на Слива и Мечкин Камен, Туриските сили успеале да ја уништат Крушевската Република и ја покажале нивната вообичаена суровост во справувањето со бунтовниците во Крушево и другите места. Како резултат, 201 заедници биле избришани, 12,400 куќи биле изгорени до темел и преку 70,000 луѓе останале бездомници, додека 8,816 биле убиени. Иако 30,000 лица избегале од нивните домови да избегнат одмазда, цената била превисока. 

Востанието предизвикало огромен интерес во Европа. Весниците го следел текот на активностите одблизу со голема симпатија. Тие штампале детали од суровите масовни одмазди изведени от Турците кон населението во бунтовничките делови. Следел моќен бран на протести; меѓу водечките претставници биле Лав Толстој, Максим Горки, Анатол Франц, Жан Жауре, Виктор Бернард, Артур Еванс, Хенри Бреилсфорд, Џорџ Клеменсе и други. 

Во Британија, Франција, Италија и Америка биле основани „Македонски Одбори“, кои што организирале масовни митинзи за поддршка на Македонските бунтовници. Слични активности биле преземани и во Русија и Романија и други држави низ светот.

После неуспехот на востанието Македонските револуционери направиле напори да ги прочистат своите редови. На Рилскиот Конгрес (одржан во 1905 година во Манастирот Рила во Пиринска Македонија), покрај разликите во интереси на двете страни, имало генерално осудување на надворешните влијаниа особено на Бугарскиот Суд, а крајната цел - ослободување на Македонија - била потврдена.