„Десет дена Крушевска Република“ - проект од национален интерес за 2018

„Десет дена Крушевска Република“ - проект од национален интерес за 2018

Deset dena Krusevska Republika
10 дена
10 дена
10 дена
10 дена

Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ е избрана за проект од национален интерес во културата за 2018 година. Со ова, Министерството за култура даваша уште поголемо значење на оваа Манифестација, а за локалната самоуправа претставува поголема одговрност за поефикасно, попрофесионално и поуспешно организирање.

Манифестација „Десет дена Крушевска Република“ која се одржува секоја година од 1-ви до 10- август е настан кој преку музика, поезија и проза, театар, храна и друго ја илустрира културата и историското наследство на градот, но и не враќа назад во времето, се до 19-ти и 20-ти век. 

Оваа манифестација исто така го илустрира мултиетничкиот живот и различностите на граѓаните на општина Крушево и Македонија и претставува еден обединувачки настан кој спојува различности и повикува на заедништво.

За оваа година се планира проширување на програмата, нејзиното модернизирање и подготовка за наредните години која ќе овозможи манифестацијата да привлекува поголем број на туристи.

Останете со krusevo.mk и за брзо ќе дознаете што оваа година се организира во рамките на оваа манифестација. 

Video URL

41.370689, 21.250058