Accommodation

Rooms

Хотел Монтана Палас 4 ѕвезди

Хотел Монтана Палас ужива во тивка локација опркужен од борови дрвја, поставен на висина со поглед над Крушево. Во непосредна близина се стазите за планинарење и велосипедизам. Хотелот нуди и ресторан и паб. 

Сите соби имаат кабловска телевизија и приватно ВЦ и купатило. Апартманите имаат и просторна дневна просторија. Некои соби се опремени и со џакузи, додека повеќето имаат прекрасен поглед на градот. 

Jane

Апартмани Јане

Апартмани Јане се наоѓа во центарот во Крушево и нуди нови и модерни сместувачки услуги за посетителите. Апартманите се на само стотина метри од ноќните клубови, рестораните, кафулињата, продавници, банки и друго. 

Згора на тоа, овие апартмани нудат ниска цена со високо квалитени услови. Секоја собра има свој тоалет и одговара за семејства со денца, но и за туристи кои аптуваат сами. 

Покрај апарманите туристите можат да користат и такси услуги со повластени цени за оние кои престојуваат тука. 

Контактирајте не на следниот телефонски број. 

Вила Себастијан-Крушево

Вила Себастијан-Крушево

Вила Себастијан е лоцирана во мирна и спокојна околина на историскиот град Крушево. Нуди посебен панорамски поглед на градот со своите 7 опремени апартмани и капацитет од 28 гости.

Еден апартман има брачен кревет и кревет кој дополнително се употребува, ТВ, Wi-fi, плакар за облека и тоалет. Плус добивате фен, пегла за алишта и крпи.
Нашите кујни ги содржат сите потребни елементи за потребите на нашите туристи.
Вилата поседува парно греење.