Explore

Deset dena Krusevska Republika

„Десет дена Крушевска Република“ - проект од национален интерес за 2018

Манифестација НКС „Десет дена Крушевска Република“ е избрана за проект од национален интерес во културата за 2018 година. Со ова, Министерството за култура даваша уште поголемо значење на оваа Манифестација, а за локалната самоуправа претставува поголема одговрност за поефикасно, попрофесионално и поуспешно организирање.

Stanic

Ски центар Крушево

Ски центарот Крушево e едно од најпопуларните места за скијање и, генерално, за зимски туризам во Македонија. Дел од ски центарот е местото викано Станич каде што се наоѓаат неколку скијачки стази за аматери заедно со два ски лифта.

Настрана од овие стази за скијање под жичарницата поминува уште една стаза во должина од 618 метри која се смета дека е наменета повеќе за професионалци.

Горе на Станич има два ресторани - Скаут и Шапе, кои нудат многу пијалоци и видови на храна.

Krusevo

Зошто го создадовме krusevo.mk

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Holly Monastery

Манастир Свето Преображение

Манастирот Свето Преображебие се наоѓа надвор од Крушеви на повеќе од 1 700 метри надморска висина и се смета за втор дом на познатиот македонски пејач Тоше Проески.

Овој манастир е преодна точка за планинските велосипедисти и планинарите на патот кон Мусица, на 1 780 м.н.в..

Holy Transfiguration

Tose Memorial House

Спомен куќа Тодор Проески

Во спомен куќата Тодор Проески можат да се видат предмети кои зборуваат за животот на познатиот македонски пејач кој загина трагично во 2007-ма година.

Tose Proeski

Тоше Проески е балканска музичка ѕвезда и во негова чест е изградена спомен куќата. Тој беше амбасадор на Македонија и музички талент кој можеше да достигне светска слава.

Paragliding Site

Најдоброто место за параглајдинг

Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето На Мечкин Камен оваа година е домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змејарство, започнувајќи со Меѓународниот пролетен куп, па во август месец Светско првенство во параглајдерство и меѓународен светки натпревар во змајарство.