Explore

Krusevo

Зошто го создадовме krusevo.mk

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Monument Ilinden

Споменик Илинден

Изграден на историското Гумење споменикот Илинден е откриен на 2-ти август 1974 и денес го посетуваат стоитици и илјадници посетители од Македонија и Европа. 

Споменикот е симбол на борбата и непокорот на македонскиот народ, а внатрешноста на објектот симболично ја претставува маката на македонскиот народ за независност. Исто така, околината на споменикот ги симболизира загубените животи на многу борци. 

Stanic

Ски центар Крушево

Ски центарот Крушево e едно од најпопуларните места за скијање и, генерално, за зимски туризам во Македонија. Дел од ски центарот е местото викано Станич каде што се наоѓаат неколку скијачки стази за аматери заедно со два ски лифта.

Настрана од овие стази за скијање под жичарницата поминува уште една стаза во должина од 618 метри која се смета дека е наменета повеќе за професионалци.

Горе на Станич има два ресторани - Скаут и Шапе, кои нудат многу пијалоци и видови на храна.