July 2018

(ФОТО) Втора вечер Крушево будно

Крушево будно

Се одржа втората вечер од фестивалот Крушево будно и забавата што изведувачите ја понудија го наполна градскиот парк во Крушево по втор пат овој викенд.

На втората вечер настапуваа ди џеј Грувмен и ди џеј Перо, Тајзи и ди џеј Андреј Ѓошев. 

Забавата траеше до раните утрински часови и со тоа заврши третото издание на Крушево будно.

 

Крушево будно 2018 - прва вечер

Крушево будно

Се одржа првата вечер од музичкиот фестивал Крушево будно на кој настапија ди џеј Тасескии, Хуго и Бокаконга, ДАФ Проџект и Дисконектед. Од 22 часот градскиот парк беше целосно исполнет и забавата траеше до 3 часот наутро.

Вечерва не очекува втората вечер со Тајзи, ди џеј Перо и Грувмен и Андреј Ѓошев со почеток од 21:00 часот.

Крушево будно се одржува по трет пат годинава од страна на Локален младински совет Крушево и општина Крушево.