Истражи ја уникатната архитектура на Крушево
Многу куќи во Крушево дури и денес ја зачувале уникатната архитектура во која преовладува сината боја. Се верува дека доминантната сина боја е наследство на крушевските печалбари во Грција. Исто така, во некои домови преовладува жолтата боја за што се верува дека е наследство напечалбатите во Романија.
Сепак, некои куќи иако се изградени во 19-ти век го промениле изгледот под влијание на печалбарите.
Уникатната инфраструктура сведочи за богатото наследство на крушевчани. Иако има само неколку куќи со уникатниот изглед, овие домови се симбол на наследството на Крушево и блискоста што овој град ја има со својата историја.
- Најави се или регистрирај се за да поставиш коментар