Крушево е подготвено за параглајдинг натпреварите, лето 2018

Крушево е подготвено за параглајдинг натпреварите, лето 2018

Paragliding Summer 2018
Paragliding Krusevo
paraglifing krusevo
Paragliding site

Општина Крушево во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Воздухопловната федерација на Македонија ќе работат на промоција на Европското првенство во змејарство кое започнува на 8-ми јули и ќе трае до 21-ви.

Во периодот што следи ќе се одржат неколку прес конференции, ТВ рекламирање и Фејсбук кампањи посветени на Европското првенство во змејарство.

За локалната самоуправа поддршката од Федерацијата и Агенцијатаа е од голема важност за организација за ова првенство. 

Општина Крушево добива голема поддршка и од Агенцијата за поддршка и промоција на туризмот. Агенцијата набави вештачка трева кој е поставена на полетиштето на Мечкин Камен. Вештачката трева трева да ги подобри условите за параглајдерите и, згора на тоа, да ја подобри сеопштата слика од Крушево год перспективата на овој спорт.  

Почнувајќи од месец мај Крушево е домаќин на повеќе групи на параглајдери, но националните и меѓународните натпревари започнуваат на 2-ри јули.