Крушево - ко шо го глеам јас...

Крушево - ко шо го глеам јас...

Krusevo
Krusevo
Montana
Е тоа ти е бачко рај на земјата. Од кај да почнам да зборам за Kрушево, а да не пропуштам нешто важно . Ај од сам почеток, а тоа ти е Скопската автобуска од кај шо си фаќаш комбе. Запамти го последниот здив шо си го земал скопски воздух зашо тоа понатаму многу ќе биде важно. И така тргнуваш, едно 3 саати клацкање у комбе,ама како викаат .... ЦЕЛТА ГИ ОПРАВДУВА СРЕДСТВАТА. Стигаш Крушево и сеа шо се дешава? Првиот воздух шо ке го вдишеш не се опишува, тоа треба да се доживее. Ладен грст свеж планински воздух ти проаѓа низ гради а само до пред 3 саати си дишел скопски смог и прашина. Затоа е битно да се запазат овие два момента зашо се случуваат во рок од неколку саати, а многу значат..На автобуска у Крушево ако си таксал приватен смештај нормално те чекаат домаќините. Срдечно ќе се поздравите и секако ке ти ја понуди својата помош за багажот. Затоа шо Крушевчани се големи домаќини нормално ќе те понудат во својот дом со кафе и локум ,а сигурно нема да одбиеш и една домашна љута ракија која шо уште толку ќе ти ги отвори градите. После малиот одмор и први импресии, следи искачање и шетање.Е сеа, места за шетање има да бираш, моеш да фатиш околу коријата и да гледаш недопрена убавина колку ти душа сака ,едноставно Господ не штедел на ова место. Ако не си дента за околу коријата, моеш да тргнеш до месноста Гумење, па моеш да забегаш накај езерцето, а ако е топло моеш и да се брцнеш у него зашо водата си е чиста и проверена. Ако си со кола можеш комотно да зацепаш накај манастирот Свети Преображение. Е таму е прекрасно, значи преубаво.На дланка ти е се, значи пред тебе цел хоризонт шо не се догледува, а ти стоиш на врвот.Е таа убавина со пари не се плаќа, маѓијата шо ја има тоа место ќе допре до секој. Откако убаво ќе се изнадишеш чист планински воздух, а секако у меѓувреме нема да запалиш цигара и да се заебеш, сфаќаш дека си огладнел и се враќаш назад у град нешо да стаиш у стомак. Е за јадењата можзам до утре да расправам, ама ај ќе ги опишам најкратко. Шо и да одбереш, кое од кое поубаво. Е сеа бирај: сакаш пица која е неверојатно вкусна секаде и газдиве не штедат на матерјал. Ма боља е од Италија, таму уствари е ко лист хартија, а овде има бајаги за јадење. Ја препорачувам Влашката пица, и нека не ве лаже името, баш е богата, уствари најбогата. Ако нејќеш пица можеш да си земеш крушевско грне. Е тоа ти е бачко перверзии, јадеш и се топиш од шо ти е убаво. Ако си ултра гладен има една пита баш онака масивна и голема, со три типа месо, со печурки, кашкавали, чуда .... Е таа коа ќе ја видиш, прво око ти се храни, па после и влагаш ко да не си видел. Од префинетиве јадења моеш да си земеш и топено сирење, шпагети, тортелини и сето тоа помешано со убави зачини што му даваат шмек. Е сеа ,ако си кафански чоек ќе си идеш у кафана на скара. Скарата е секаде лудило, крушевските кафеанџии се мајстори за скара. Прво моеш една ударна ракија со шопска, а потоа да улета некое свинско ребро или некоја масивна шарска, за на крај да си здрвиш едно ладно пивце и да викнеш сметка. Е сметките, коа сме кај нив се стварно смешни, за сите јадења шо ги спомнав нема да потрошиш поише од 3 евра, а ефектот е коа ќе си го ѕирнеш стомакот .... Цени пристапни баш за секој, услугата топ за разлика од она охриѓанине, морав да ги спомнам сеа зашо појма немаат од однос кон муштерија и туризам. Откако добро ќе се најадеш и си идеш накај смештај, не е лошо да поминеш и да си земеш еден, два или поише локуми со ореви шо ти ги порачале твоите, и ке бидат многу љути ако не им ги однесеш. Крушевскиот локум е бренд, турците шо им е традиција подзинуваат коа ќе го видат и вкусат. Откако добро ќе одмориш вечерта идеш по кафичи. Е таму ти е бачко екстра, љубезни луѓе се запознаваат со тебе, никој не те глеа попреку зашо си од надвор, едноставно питом,добар народ шо цени затоа шо ти си дошол у нивното градче. Цените на пијачките шо да кажам, багатела.е мал збор. За 50 денари имаш коњак, џин и вотка, за исто толку пари пиво, се на се за 300 денара се праиш тиква и убаво ти е бе ..... Добро здрвен си идеш накај дома, ама пошо има угорници така убаво ќе си отрезниш и више осмици не праиш. Си легнуваш зашо си више изморен и кома. Ама се будиш рано посабајле, наспан и не те боли глаа ко у Скопје коа ќе се начукаш. Следи кафица у некој од локалните кафичи и нова рута на шетање и активности. Нешто шо мора да се види тука е Етно градот. Е тоа ти е атракција и концепт шо не моеш да го видиш на друго место у светот. Да ја доловиш атмосферата како шо била у 1903 г. е право совршенство. Низ градот шетаат комити и турци, чорбаџии и чорбаџики, па ќе ги видиш на некоја маса како седат заптијата и Питу Гули, уживаат у убавата влашка песна и си маваат по некое чоканче ракија. А да гледаш крушевска свадба како шо била на времето е неповторливо. Невестата тенка, висока,во бел свилен фустан, а зетот напрчен, добро скоцкан и сето тоа во придружба на родителите на двајцата кои се наддаваат кој поише ќе ги дарува младиве. Е после тоа следат ора,зурли и тапани, општо весеље каде секој може да се фати за оро и да го долови моментот. Е не моеш секој ден на оро да играш со згодна чорбаџика, да се разбереме... Се на се,концептот на Етно градот е врвот, секоја чест. Е вакво како шо го опишав е Крушево у моите очи. Ни за најдобрата моја бивша не сум користел поубави зборови,колку за овој рај. Има маѓија градов шо секогаш те враќа назад,а може и некоја Крушевчанка или Крушевчанец ќе те врати .... никад не се знае. Шо да кажам друго освен дека сум ОТКАЧЕН ПО КРУШЕВО !!!!!!! ОТКАЧИ СЕ И ТИ ... ПОЗДРАВ Автор: Марјан Марги