Спортот во Крушево е амбасадор на градот

Спортот во Крушево е амбасадор на градот

Krusevo

Спортот е еден од адутите на Крушево во процесот на промоција на градот, но и покажување на сестраната успешност на ова место на 1 250 метри надморска висина. Во Крушево функционираат неколку спортски клубови од различни спортови и покрај тешката финансиска состојба на секој од нив тие имаат историја на постоење, учествување на натпревари и нижење на успеси, кои истовремено се успеси на градот.

Фудбалскиот клуб Питу Гули е еден од спортските тимови кои зад себе има повеќе децениска историја и генерации кои заиграле во овој клуб и самостојно го одржувале. Во моментов Питу Гули игра во третата македонска фудбалска лига и постојано се движи во најдобрите 5 екипи од лигата.

Pitu Guli

Пинг понгарскиот клуб Крушево е исто така уште еден од клубовите во Крушево со повеќе децениска историја зад себе, но и успеси кои се забележуваат секоја сезона. Само оваа сезона 4 медали беа донесе во Крушево од играчите на овој клуб, учествувајќи на државни натпревари, а на Балканското првенство во Босна и херцеговина овој клуб ќе има свој претставник. Историјата на клубот вели дека почнувајќи од 1996-та година ППК Крушево секоја година освојува барем по еден медал.

Table tennis club Krusevo

Одбојкарскиот клуб Синалко е, на некој начин, наследник на клубот именуван по уште едно значајно име за Крушево Нико Доага. Синалко е тимот во кој што и Тоше Проески заигра, а одбојката, како и фудбалот, е еден од најпопуларните и најпрактикуваните спортови во Крушево.

Volleyball Club Sinalko

Исто така, како зимска дестинација Крушево не може да помине без т.н. „зимски“ спортски клубови. Постојат неколку клубови во нордиско и алпско скијање, а исто така Ставре Јада е еден од поуспешните во овој спорт во Крушево, заедно со селекторот Ѓоко Динески.

Stavre Jada

Најнов спортки клуб во Крушево е параглајдинг клубот „Хели ХЦ“ кој е организатор на повеќе меѓународни натпревари и нуди школа за оние кои сакаат да го пробаат и практикуваат овој адреналински спорт. Кога на тоа ќе се додадат природните потенцијали што Крушево ги посетува го направија овој град домаќин на десетици параглајдинг интернационални натпревари.

paragliding 2018

Спортот во Крушево игра голема и по напипаното погоре, но и според историјата Крушево забележало многу успешни спортиси и се до ден денешен таа традиција на успешност продолжува. Спортските клубови се едни од највлијателните амбасадори на Крушево и нашите спортисти продолжуваат со промоција на градот преку практикување на спортот што го сакаат.

Инвестирањето во спортот, кога зборуваме за Крушево, е паметна инвестиција и значи вложување во иднината не само на спортот, туку и во иднината на градот. Градот, покрај носителите на одлуки, е претставуван и од неговите успешни луѓе и колективи, а тука спаѓаат спортските клубови. Спортистите се амбасадорите на еден град и се дел од формирањето на позитивен впечаток за оние надвор од градот и општината.