#ВикендВоКрушево
Почнувајќи од викендот (03/04.03.2018г.) локалната самоуправа започна иницијатива на социјалната мрежа „Фејсбук“ за промоција на Крушево во соработка со угостителските објекти преку користење на хаштагот #ВикендВоКрушево.
Еве во што се состоеше објавата со која се промовираше картата за дневно и полудневно скијање со попуст и промоција на секој објект кој што објавува на социјалните мрежи.
Оваа иницијатива беше прифатена од речиси сите кафулиња, пицерии и ресторани и оваа иницијатива ќе продолжи во текот на целата туристичка сезона.
Целта, според иницијаторите на оваа активност, е заеднички да се промовира Крушево и она што го нудат засегнатите страни.
- Најави се или регистрирај се за да поставиш коментар