Влатко Лозаноски за 1-ви август во Крушево

Влатко Лозаноски за 1-ви август во Крушево

vlatko Lozanoski
Krusevo Republic
Krusevo Republic
Krusevo Republic

Познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски ќе настапи на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ на 1-ви август 2018 во Крушево. Влатко Лозаноски ќе го придружува неговиот бенд, а сцената ќе биде поставена на историското „Гумење“.

Десет дена Крушевска Република е манифестација кој трае 1- дена и се одржува традиционално секоја година, исполнета со музика, култура, спорт и настани кои го симболизираат ослободувањето на градот во 1903 година со Илинденското востание. Засега организаторите ја објавија програмата за првиот ден со настапот на Влатко Лозаноски. 

Целосната програма е речиси готова, па затоа следете го krusevo.mk и дознајте кога нешто ново ќе биде објавено.