Зошто го создадовме krusevo.com

Зошто го создадовме krusevo.com

Krusevo

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Krusevo

Промоцијата и рекламата е алатката со која допираме до потрошувачите на нашите производи или корисници на услугите што ги нудиме. Крушево недоволно во минатото знаеше да ги искористи придобивките од промоцијата. Оттука, покрај користењето на социјалните мрежи, како Фејсбук и Инстаграм, оваа веб платформа ќе ни овозможи една подобра основа и подобар изгледа за нашиот град и она што го нудиме. Згора на тоа, Крушево.ком ќе послужи како сервис за информации, што е уште една коцка во слагалицата наречена „промоција“.

Memorial house

Втора работа што со веб страницата ќе ја направиме е ќе создадеме отворен и бесплатен медиум за туристичките работници. На порталот ќе можете да креирате свој кориснички профил преку кој ќе можете да објавувате фотографии, информации за она што го нудите, да креирате ваши настани и така наречени „тури“ кои ќе ги организирате со вашиот бизнис во интерес на промоција на вашите услуги и привлекување повеќе „муштерии“. Сето ова ќе може да се шири не само на социјалните мрежи, туку и пошироко, затоа што оваа платформа ќе станува популарна благодарение на активностите на угостителите, бизнисмени и настаните кои во градот ќе се организираат. Ова ќе биде место каде што вие, угостителите пред се', ќе можете да го промовирате она што го работите.

Krusevo

Трета работа, која во оваа прилика ќе ја наречам причина и мотив за креирање на интернет страницата е потребата од креирање на еден портал на англиски јазик кој ќе им служи исклучиво на странските потенцијални посетители како информативно биро. Оние кои што не го зборуваат македонскиот јазик досега немаа информација за тоа како да пристигнат тука, каде и по која цена да се сместат, што да јадат, што да прават со слободното време. По пример на модерните и развиените туристички центри од Балканот и Европа ја создаваме оваа платформа од која корист ќе има градот, како придонес кон туризмот, и туристите кои ќе имаат информација за нашиот град и воопшто ќе го земаат како опција за посетување. 

Но, не заборавивме да направиме и македонска верзија на веб платформата, кој ќе им служи на домашните туристи.

Krusevo

Накратко, тоа е нашата цел со Крушево.ком, а верувам заедничка цел е Крушево да биде уште поубаво место, попосетено, исполнето со настани, повеќе угостителски објекти, повеќе продавници, повеќе услуги за граѓаните и туристите.