ФИС Ролер ски куп Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
Poster

Од 24-ти до 26-ти август август ќе се одржи ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ со две трки на регионалниот па Кривогаштани-Крушево. 

Настанот започнува со официјален тренинг во петок во 15 часот, а трките се закажани за сабота во 9 часот - Поединечен старт, 12 километри за мажи и 6 за жени.

Недела во 9 часот 10 километри за мажи и 5 километри. 

Дел од настанот е официјалното отворање во петок во 18:30 со говори на Васил Сокле, претседател на организациониот борд на Купот, градоначалникот на општина Крушево Томе Христоски, директорот на Агенцијата за млади и спорт Дарко Каевски и Министерот за внатрешни работи на РМ Оливер Спасовски. 

Затворањето на настанот е во недела во центарот на Крушево во 13 часот. 

Овој куп е од меѓународен размер со учесници од Австрија, Хрватска, Грција, Словенија, Србија, Бугарија, Босна и Херцеговина, Црна Гора, Турција, Романија и др.