Веднаш по завршувањето на 16-тото Светско првенство во параглајдерство нови 130 пилоти - параглајдеристи ќе престојуваат во Крушево. Gin Wide Open Krusevo 2019 е меѓународно првенство во параглајдерство кое започнува од 18 август и ќе трае до 25-ти.
Ова е прво издание на натпреварот во Крушево, а организаторите се оптимисти дека ќе стане традиција.