Изложба на Петар Начески

Започнува на
Завршува на
Petar Naceski

Поранешен професор во СОУ „Наум Наумовски Борче“ и уметник Петар Начески ќе има своја изложба од цртежи и слики од 19-ти до 23-ти јуни во рамки на фестивалот на отворено „Вен ин Крушево“ (When in Krusevo).

Петар Начески работи со техниката Акварел, а главни мотиви за неговите слики се портретите, мртвата природа и пејсажите на Крушево

На ликовната изложба ќе бидат изложени меѓу 20 и 30 слики на авторот, а на отворањето на настанот ќе се обрати и Петар Начески лично кој ќе ги образложи пораките кои ги испраќа преку неговата уметност.