Крушево - град на култура, историја и традиција

Започнува на
Завршува на
Krusevo
Banner

На отворањето на настанот „Крушево – град на култура, историја и традиција“ (26.07.2018) ќе настапи групата Синтезис на плоштадот „Никола Мартиновски“ во Крушево, со почеток во 20:00 часот.

Истиот ден започнува и Етно саемот во организација на „Цвет“ во Домот на култура „Наум Наумовски Борче“.

На 27- ми и 28-ми јули ќе се одржи П.С. Гитар фест, а на 29-ти литературни читања со неколку писатели и поети од Крушево.

За 30-ти јули е закажана така наречената „Вечер за театар“ со театарската претстава „Сомнително лице“ на драмското студио при домот на култура „Илинден“, Демир Хисар.

Крајот на овој настан ќе го означи пристигањето на коњаницата на 31-ви јули во 18 часот пред градскиот парк во Крушево.

„Крушево – град на култура, историја и традиција“ се организира за прв пат во Крушево и има за цел да го претстави Крушево низ призмата на културното наследство, историјата на градот и традицијата која крушевчани ја негуваат.