Покрај организираниот пречек на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ со настап на Александра Јанева, во градскиот парк ќе се одржи и Новогодишен базар.
Организатор на Базарот е општина Крушево, а учество ќе земат СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, Крушевска жена, локалните угостители, занаетчи и изработувачи на ракотворби.
Базарот започнува во 11 часот претпладне, на 31.12.2018, во градскиот парк во Крушево.
Да учествуваат во овој базар поканети се сите угостители, занаетчии, ракотворци и сите оние кои имаат да претстават нешти уникатно.