Одбележување на роденденот на Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
TOse Proeski
Kici Angelkoski
VOditeli
Hor
Biljana Josifov
Baner

На 25 јануари во спомен куќата „Тодор Проески“ ќе се одбележи уште еден роденден на големата музичка ѕвезда Тоше Проески со настап на македонската пејачка и пријателка на Тоше Елена Ристеска.

Настанот ќе започне во 11:30 часот во спомен куќата „Тодор Проески“, а освен настапот на Елена Ристеска локалната самоуправа заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ ќе прикажат и друг тип на содржини во чест на Тоше.

Во продолжение целосната агенда за настанот:

Најпрво во 11:30 часот делегација од погоре наведените институции ќе положат цвеќе на вечното почивалиште на Тоше.

Во 12 часот започнува манифестацијата во спомен куќата „Тодор Проески“.

1. Манифестацијата започнува со настап на Сотираки Чакалар
2. Обраќање на градоначалникот на општина Крушево
3. Ученици од Наум Наумовски Борче читаат извадоци од песни на Тоше.
4. Настап на Марија Котеска
5. Обраќање на директор на НУ спомен куќа „Тодор Проески“
6. Доделување награди и благодарници
7. Настап на Елена Ристеска.
8. Скромен коктел

Лани, 2018 година, на одбележувањето настапи хорот при СОУ „Наум Наумовски Борче“, крушевчанецот Кици Ангелкоски и оперската пејачка Билјана Јосифов придружувана од членот на бендот на Тоше Сашо Николовски, а настанот беше директно поддржан од директорот на Македонска филхармонија Виктор Илиески.

Погоре, можете да погледнете фотографии од минатогодишниот настан, како и официјалниот постер за настанот.