На 2-ри февруари 2019 во пицерија Скар Крушево ќе се одржи настан под наслов „Размена на прочитани книги и книжевни муабети“.
Секој е поканет, а единствено што треба да направи е со себе да понесе книги за размена и желба за книжевни разговори.
Организаторите порачуваат дека за овој настан важи само едно правило, а тоа е дека секој може да земе онолку книги колку што ќе донесе.
Повеќе информации на настанот на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/141305033443197/