Вечери во чест на Васил Иљоски

Започнува на
Завршува на
Vasil Iljoski

Општина Крушево за прв пат го организира настанот „Вечери во чест на Васил Иљоски“ со поддршка на Министерството за култура.

Првата претстава ќе се одржи во сабота (09.06.2018) со почеток во 18:30 часот. Ќе се одигра претставата „Чорбаџи Теодос“, режија: Захарија Ангелеска.

Втората претстава е закажана за недела (10.06.2018) во 18:30. Во изведба на учениците од ООУ „Јонче Смугрески“ Обршани, општина Кривогаштани ќе се одигра претставата „Солунски патрдии“.

Влезот е слободен.

Целта на овој настан е одбележување на ликот и делото на крушевскиот книжевник, драматург и есеист Васил Иљоски.