When in Krusevo - WInter is Here 2020

Започнува на
Завршува на
When in Krusevo - WInter is Here 2020

Почитувани пријатели,

После незаборавните летни авантури, имаме чест и привилегија да Ви го претставиме вториот снежен outdoor настан во Крушево, When in Krusevo – Winter is here!

На наше огромно задоволство, Ве покануваме на уникатниот outdoor фестивал When in Krusevo во зимски услови. Повелете на адреналинска снежна авантура низ прекрасната крушевска
природа облечена во снежно руво. Длабоко земете 100% чист воздух и уживајте во неописливите зимски пејзажи и во погледите од кои ќе ви се одземе здивот.

Зимското издание на фестивалот, When in Krusevo – Winter is here! ќе се одржи од 14 -16 Февруари 2020. Вклучува: чист воздух, фото тура, рекреативна пешачка тура, зимски тандем параглајдинг, зимско јавање на коњи, дегустација на превкусни крушевски специјалитети и луда забава, овој пат на прекрасните ски терени на Станич и ресторан Алто.

Линк за пријавување:
https://docs.google.com/forms/d/e/1FAIpQLScRVbaxvGUG_rQ61gLeTdFEXbwchs3yebU7qph_6oNKuialow/viewform

Веб страна:
http://winter.wheninkrusevo.mk

Со љубов и почит,
Другарите од Outdoor Manifest



Програма и распоред на активности:

ПЕТОК 14.02.2020:
15:00-20:00: Пристигнување на учесниците и подигнување на учесничкиот пакет, во Параглајдинг Инфо Центарот во Крушево,
21:30 Забава во Кафе бар Планет со Estephano, бесплатен влез за секој учесник.
01:00 Забава во ноќен клуб Belami со DJ Hugo и DJ Pece Uks, бесплатен влез

САБОТА 15.02.2020:
09:30-10:00: Собирно место – Гумење (пред Спомен Куќа на Тоше Проески)
10:00 Поаѓање на рекреативна планинарска тура (околу 5 км или по избор подолга тура до Слива 8км), попатни паузи за чај во Adventure park Корија и ски центар Станич.
10:00-15:00 Зимски тандем параглајдинг, повластена цена од 1800 ден за секој учесник на фестивалот, обезбеден превоз од град до старт и назад (потребна е претходна резевација најдоцна до петок 18.00h).
10:00-15:00 Јавање на коњи, повластена цена од 500 ден за секој учесник на фестивалот, една тура трае 60 мин. (потребна е претходна резевација најдоцна до петок 18.00h).
12:00-16:30 Panorama All Seasons Adventure – Ски терени Крушево (Станич), забава на отворено со DJ Bapcu, рок журка со Backdoor Band.
21:30 Забава со The Hounds во Олд Скул Кафе Крушево, бесплатен влез, како и резервација на маса за секој учесник.
01:00 Забава во ноќен клуб Belami со DJ Taseski и DJ Pece

НЕДЕЛА 16.02.2020:
12:00-16:30 Ресторан Алто – Ски терени Крушево (Станич), забава на отворено со DJ Estephano и DJ Bapcu.
10:00-15:00 Зимски тандем параглајдинг, повластена цена од 1800 ден за секој учесник на фестивалот, обезбеден превоз од град до старт и назад (потребна е претходна резевација најдоцна до петок 18.00h).
10:00-15:00 Јавање на коњи, повластена цена од 500 ден за секој учесник на фестивалот, една тура трае 60 мин. (потребна е претходна резевација најдоцна до петок 18.00h).

Учесничкиот пакет содржи маичка со уникатна илустрација од ТхеМичо, како и подароци од нашите партнери. Со секоја карта ви следува варено вино и чај за време на паузите од планинарската тура во сабота. Со купената карта се стекнувате со право на попуст за сместување во објектите кои се објавени, како и попуст за зимски тандем параглајдинг, јавање на коњи!

цена:
500 ден – индивидуална карта,
400 ден – групен билет (важи за спортски клубови, здруженија, фирми)

*** во зависност од временските услови, организаторот го задржува правото за промена на распоредот и програмата