Вечери во чест на Васил Иљоски

Започнува на
Завршува на
Evenings in Vasil Iljoski's Honor

Вечери во чест на Васил Иљоски е настан кој ги одбележува работата и животот на познатиот крушевчанец автор, драматург, есеист и историски книжевник

Настанот ќе се случува на повеќе локации во Крушево и ќе содржи театарски претстави од авторот и читање на дел од неговиот придонес за македонската книжевсност.

Еве ја агендата за настанот:

31.05.2019

Место: Хотел Монтана Палас

Почеток: 19:00ч.

1. Доделување на награди за најдобар есеј на тема: „Учениците за Васил Иљоски“

Flymaster Open 2019

Започнува на
Завршува на
Flymaster Open Photograph of paragliders high above

Флајмастер Опен 2019 (Flymaster Open 2019)е натпревар кој доаѓа за прв апт во Крушево и закој се очекува да продолжи да се одржува и наредните години. Настанот опфаќа едукација и натпреварување со употреба на многу напредни технологи - алатки за следење во живо, извлекување и бодување.

Атмосферата се очекува да биде пријателска и да обезбеди незаборавно искуство за луѓе од сите возрасти и групи.

Натпреварот е закажан за 21-ви јули и ќе трае до 27-ми, најпопуларниот период за летање со параглајдер и уживање во пејсажите на Крушево и околината.

Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци

Започнува на
Завршува на
City Library

Од 10-ти до 12-ти мај во Крушево, во хотел Монтана Палас, ќе се одржи Меѓународна конференција на библиотекари, иноватори и креативци во организација на градската библиотека „Браќа Миладиновци“ од Скопје, со поддршка на град Скопје и програмата за култура за 2019 година на град Скопје.

Крушево опен, натпревар во змајарство

Започнува на
Завршува на
Krusevo Open Hang Gliding

Од 26-ти до 31-ви август на полетувалиштето на Мечкин Камен во Крушево ќе се одржи Крушев Опен, меѓународно првенство во змајарство.

Подетални информации за првенството можат да се најдат на Фејсбук настанот на следниот линк:

https://www.facebook.com/krusevoopen/

Дополнително, овие пролет и лето ќе се одржат неколку меѓународни натпревари почнувајќи од месец мај со Пролетниот куп, па Светското првенство во параглајдерство и завршувајќи во септември.

Специјализирана смотра на македонски автохтони кучиња - шарпланинци

Започнува на
Завршува на
Smotra

На 20-ти април на Гумење, Крушево, ќе се одржи традиционалната смотра на шарпланинци, со почеток во 11 часот, која ќе претстави автохтони шарпланинци од целата држава.

Овој настан ги носи на едно место одгледувачите на оваа раса на кучиња и нивната презентација присустните љубители на животните ќе можат да ја проследат одблиску.

Пролетен меѓународен куп Крушево 2019

Започнува на
Завршува на
Blago Balgadusa

Општина Крушево како дел од пот-проектот „Кругот на адреналинот - развој на авантуристички туризам во Крушево“го организира Пролетниот меѓународен куп параглајдинг Крушево 2019 од 26-ти мај до 1-ви јуни 2019. 

Се очекуваат околу 150 натпреварувачи, почнувајќи од професионалци до аматери. Покрај натпреварување Параглајдинг купот нуди и едукативни активности за учесниците.

За повеќе информации и пријавување посетете го следниот линк:

Стенд ап со Бојан Велевски

Започнува на
Завршува на
Bojan Velevski

Македонскиот комичар Бојан Велевски на 13-ти април ќе има настап во хотел Монтана Палас со почеток во 20 часот.

Ова е втор пат оваа година Бојан да го посети Крушево, после настапот во Snow Kitchen & Bar на 18-ти јануари.

Влезот е слободен.

Дојдете сите на забава со познатиот комичар, заедно да се смееме и да создадеме позитивна енергија.

Сабота, 13-ти април, 20:00, конгресна сала на хотел Монтана палас во Крушево.

Линк до Фејсбук настанот: https://www.facebook.com/events/852592531761414/

48-ми Државен фестивал на непрофесионален филм

Започнува на
Завршува на
Kino sojuz

Оваа година во Крушево ќе се одржи 48-от Државен фестивал на непрофесионален филм на кој се очекува да настапат многу перспективни режисери од Македонија.

Фестивалот е во организација на Кино сојуз на Македонија и народна техника на Македонија, а со поддршка на Агенцијата за филм на Македонија и општина Крушево.

Фестивалот опфаќа неколку натпреварувачки категории:

1. Документарин филм,

2. Краток игран филм,

3. Експериментален филм,

4. Анимиран - цртан филм,

5. Едноминутен филм

За повеќе информации следете не.

When In Krushevo 2019

Започнува на
Завршува на
Paragliding photo from When In Krushevo 2018

Со големо задоволство ги објавуваме датумите на одржување на третото издание на „Вен ин Крушево 2019“, еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево. Од 21 фо 23 јуни искусете ја секоја природна убавина што овој града може да ја понуди.

Зимска разгледница од Крушево (12.02.2019)

Biljana Puleska

Се' уште врне во Крушево и посетителите и крушевчани направија одлични фотографии од нашиот град.

Голема благодарност до Кире Крстески, Љубица Трајкоска, Дајана Чобанова, Сотир Габелоски, Томе Христоски, Петар Бегалиноски, Билјана Пулеска.

Ако сакате да бидете дел од зимските разгледници испрќајте ни ги вашите фотографии:

Vikendvokrusevo@yahoo.com

vikendvokrusevo@gmail.com