16-то Светско првенство во параглајдинг

Започнува на
Завршува на
16th FAI World Paragliding championship

Август 2019, во Крушево на Мечкин Камен ќе се одржи 16-тото Светско првенство во параглајдерство со учесници од многу држави ширум светот.

Воздухопловната федерација на Македонија објави дека и 23-тото Светско првенство во змајарство ќе се одржи во Крушево во јули 2021 година.

Зимска разгледница од Крушево (04.02.2019)

Dayana Chobanova

Во Крушево се' уште врне и ќе имаме уште снего овој месец. Заедно со тоа ќе имаме уште повеќе зимски пејсажи од Крушево фатени од фотогапаратите и телефоните.

Во текот на минатата седмица нашите следачи напавија некои прекрасни фотографии.

Голем поздрав до авторите на фотографии и големо благодарам за нивната поддршка: Даја Чобанова, Емилија Андрееска, Михајло Фити, Наум Ристески, Сотир Габелоски, Марија Филипова, Ирена Блажеска.

Испраќајте ни ги вашите фотографии:

vikendvokrusevo@yahoo.com
vikendvokrusevo@gmail.com

Сеќавање на Тоше, фановите ги пееја неговите безвременски песни

TOse Proeski

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Тоше Проески беше исполнет со песните на Тоше интерепретирани од млади пејачи од Крушево и пријателката на Тоше Елена Ристеска.

Настанот се одржа на 25-ти јануари 2019 во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево и ги собра фановите на Тоше од Македонија, Бугарија, Словенија, Србија и други.

Во видеото подолу можете да погледнете извадоци од настанот и да ја почувствувате атмосферата.

Крушевска зимска разгледница (20.01.2019)

Biljana Puleska

Најновата разгледница од Крушево е пред вас.

Измина една прекрасна седмица во Крушево во која викендот им овозможи бескрајно задоволство на посетителите и крушевчани. Сонце, снег, топол чај и скијање на Станич. Низ улиците на градот - мирис на вкусната традиционална храна и кафе муабет.

Дел од оваа разгледница се следниве наши поддржувачи: Билјана Пулеска, Драга Ставреска, Емилија Андрееска, Филип Ристески, Михајло Фити, Наум прешоски, Софија Мандилоска, Даница Тироска, Томе Христоски.

Испраќајте ги вашите фотографии од Крушево:

vikendvokrusevo@yahoo.com

Stanic

Ски центар Крушево

Ски центарот Крушево e едно од најпопуларните места за скијање и, генерално, за зимски туризам во Македонија. Дел од ски центарот е местото викано Станич каде што се наоѓаат неколку скијачки стази за аматери заедно со два ски лифта.

Настрана од овие стази за скијање под жичарницата поминува уште една стаза во должина од 618 метри која се смета дека е наменета повеќе за професионалци.

Горе на Станич има два ресторани - Скаут и Шапе, кои нудат многу пијалоци и видови на храна.

Зимска разгледница од Крушево (22.01.2019)

Draga Stavreska
Ја презентираме најновата зимска разгледница од Крушево со фотографии од фановите на Викенд во Крушево Дел од најновата разгледница се Горан Георгиевски, Љубица Трајкоска, Наум прешоски, Драга ставреска, Стефо Јанкулоски, Томе Христоски и Сотир Габелоски. Покрај снежните пејсажи од Крушево, во оваа објава ќе најдете фотографии од атмосферата за големиот христијански празник Богојавление Водици, што се одржува на Крушевско езеро. Продолжете да ни ги испраќате фотографиите за разгледниците на Викенд во Крушево и Krushevo.com vikendvokrusevo@yahoo.com vikendvokrusevo@gmail.com

Размена на книги и книжевни муабети

Започнува на
Завршува на
Books

На 2-ри февруари 2019 во пицерија Скар Крушево ќе се одржи настан под наслов „Размена на прочитани книги и книжевни муабети“.

Секој е поканет, а единствено што треба да направи е со себе да понесе книги за размена и желба за книжевни разговори.

Организаторите порачуваат дека за овој настан важи само едно правило, а тоа е дека секој може да земе онолку книги колку што ќе донесе.

Повеќе информации на настанот на „Фејсбук“: https://www.facebook.com/events/141305033443197/

Озон Крушево опен 2019

Започнува на
Завршува на
Polish cup 2018

Озон Крушево опен 2019 е веќе закажан за 13 до 20 јули на полетувалиштето на Мечкин камен во Крушево оваа лето. Организатор на настанот е Хели ХЦ клубот од Крушево, а натпреварувачите можат да се регистрираат на веб страницата http://krusevoadventure.com/?fbclid=IwAR21-qjuDgn2GjjKx0puKxoOpffAYFzrIbZJyaY_MjaPuQGSyPt0HqGregM#registration

Водици 2019 во Крушево

Започнува на
Завршува на
Vodici 2019

На 19.01.2019 на Крушевско езеро со почеток во 11:00ч. ќе се одржи дел од чествувањето на големиот христијански празник Богојавление Водици.

Поворката по повод празникот ќе започне во 10:30ч. од црквите Св. Никола и Св. Пресвета Богородица.

Положувањето на крстот во водите на Крушевско езеро ќе се одржи во 11:00ч.