When in Krusevo - Winter is Here

Започнува на
Завршува на
When in Krusevo 2018

По летното издание на When in Krusevo организаторите ги резервираа датите 8-ми, 9-ти и 10-ти за зимската верзија на настанот.

Во „Фејсбук“ настанот организаторите ги покануваат сите посетители на часови по скијање, тандем параглајдинг и дегустација на вкусна храна.

Одбележување на роденденот на Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
TOse Proeski

На 25 јануари во спомен куќата „Тодор Проески“ ќе се одбележи уште еден роденден на големата музичка ѕвезда Тоше Проески со настап на македонската пејачка и пријателка на Тоше Елена Ристеска.

Настанот ќе започне во 11:30 часот во спомен куќата „Тодор Проески“, а освен настапот на Елена Ристеска локалната самоуправа заедно со спомен куќата „Тодор Проески“, Меѓународната фондација Тоше Проески, СОУ „Наум Наумовски Борче“ и ООУ „Никола Карев“ ќе прикажат и друг тип на содржини во чест на Тоше.

Во продолжение целосната агенда за настанот:

Снежна викенд разгледница од Крушево

Grobno mesto Tose Proeski

Изминатиот продолжен викенд снегот во Крушево донесе многу пејсажи и погледи кои го одземаат здивот. Истовремено, крушевчани и надојдените посетители направија многу фотографии од Крушево и околината и со тоа ги документираа овие прекрасни денови во Крушево.

Во галеријата погоре можете да најдете фотографии од улиците во Крушево, гробното место на Тоше Проески, скијачките терени, детското одморалиште Бегова корија, шумските патеки, манастирот Св. Преображение и панорамски фотографии од повеќе агли на градот.

Пет впечатоци после една недела во Крушево

Krusevo
По мое мислење ретко се случува во пракса да ги доживееш возвишените очекувања за одредена работа. Нормално е за нашата прва средба со некое место или личност да ни’ фали нешто во споредба со сликите кои претходно не’ маѓепсале. Во Америка, на пример, вообичаено е да ги хиперболизирате добрите страни и да ги минимизирате впечатоците за лошите за да ја достигнете вашата поента. Прифатливо е, но до одреден степен, да користите грандиозна и преопширна реторика. Исто така, нормално е дека сите, вклучувајќи ги и Американците, брзо учат да ги менаџираат очекувањата.

Дева - во чест на новото раѓање

Започнува на
Завршува на
Deva 2019

На 5-ти јануари со почеток во 18 часот на градскиот плоштад во Крушево ќе се одржи настанот „Дева - во чест на новото раѓање“ во организација на Локален младински совет и Средношколската заедница при СОУ „Наум Наумовски Борче“, Крушево.

Празникот Дева се празнува единствено во Крушево и Витлеем, Израел и го најавува Христовото раѓање.

На овој настан крушевчани гледаат повеќе како уште еден настан од областа на културата кој претставувам уште една причини голем број на туристи да го посетуваат Крушево.

Предновогодишна приредба

Започнува на
Завршува на
New Year 2019

На 28.12.2018 (петок) во хотел Монтана палас Крушево ќе се одржи предновогодишна приредба со учениците од СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, децата од градинката „Гонча Туфа“, со поддршка на локалната самоуправа.

Ги повикуваме учениците, младите, нивните блиски и сите заинтересирани во петок во 12 часот да ја проследат предновогодишна прослава во хотел Монтана.

Новогодишен базар

Започнува на
Завршува на
Bazaar banner

Покрај организираниот пречек на градскиот плоштад „Никола Мартиноски“ со настап на Александра Јанева, во градскиот парк ќе се одржи и Новогодишен базар.

Организатор на Базарот е општина Крушево, а учество ќе земат СОУ „Наум Наумовски Борче“, ООУ „Никола Карев“, Крушевска жена, локалните угостители, занаетчи и изработувачи на ракотворби.

Базарот започнува во 11 часот претпладне, на 31.12.2018, во градскиот парк во Крушево. 

Да учествуваат во овој базар поканети се сите угостители, занаетчии, ракотворци и сите оние кои имаат да претстават нешти уникатно.

Нова година во Крушево

Започнува на
Завршува на
Aleksandra Janeva

Македонската пејачка Александра Јанева ќе ја има главната улога на Новогодишната прослава во Крушево.

Забавата започнува во 21:00 со загревање на ди џеј Хуго, а крушевчани и туристите ќе ја дочекаат Новата 2019 година со настап на Александра Јанева.

Градскиот плоштад е местото каде што ќе се одржи прославата.

 

Организиран пречек на маратонците во чест на Тоше

Започнува на
Завршува на
Maraton vo cest na Tose

Во вторник организираме заеднички пречек во град Крушево на маратонците во чест на Тоше. Оваа година сакаме да организираме потопол пречек кој нема да се случува само на Гумење, туку и низ улиците во градот каде што ќе поминуваат маратонците.

Идејата е следна: