Ултрамаратон во чест на Тоше

Започнува на
Завршува на
Maraton vo cest na Tose

Како и секоја година така и оваа на 16-ти октомври на Гумење во Крушево ќе ги пречекаме учесниците во маратонот од Нова Градишка до Крушево во чест на Тоше Проески.

Пречекот ќе биде околу пладне кога се очекува да пристигне караванот со маратонци.

Овој ултрамаратон се одржува неколку години по смртта на Тоше, кој на 16-ти окотмври 2007 година несреќно го загуби животот на автопатот близу Нова Градишка. 

Еврофест - Чествување за незаборав на Тоше 2018

Започнува на
Завршува на
Evrofest

Првата вечер од 22-то издание на меѓународниот фестивал Еврофест ќе се одржи на градскиот плоштад во Крушево со почеток во 17:30, во петок, 28 ептември. На овој фестивал ќе настапат победниците од европските фестивали и сите ќе пеат во чест на Тоше Проески.

Претходно организаторите и настапувачите ќе положат цвеќе на гробот на Тоше и ќе засадат неколку дрвца во околината на манастирот Св. Преображение.

Втората вечер од овој фестивал ќе се одржи во Дом на АРМ во Скопје.

„Марш до Мусица“ и забава со Марио Еди и Шербет на 8 септември

Sherbet

На 8-ми септември, по повод денот на независноста на Република Македонија и денот на ослободување на Крушево локалната самоуправа, Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ и во соработка со угостителскиот сектор организираат целодневна забавна програма.

Утрото со почеток во 9 часот ќе се одржи планинарска тура до врвот Мусица, а во вечерните часови со почеток во 21:00 настап на групата Шербет и ди џеј Марио Еди во градскиот парк во Крушево.

 

Македонско и Унгарско пред Светско параглајдинг првенство

Macedonian and Hungarian Open Krusevo 2018

Македонското и Унгарско параглајдинг првенство дел од пред Светските првенства 2018 се одржа во Крушево од 5-ти до 11-ти август со 134 учесници. Дополнително, во исто време на полетувалиштето на Мечкин Камен имаше уште стотина рекреативни параглајдеристи кои го исполнуваа небото со различни бои. 

Од недела, 26-ти август, започнува Нордик опен.

ФИС Ролер ски куп Тоше Проески

Започнува на
Завршува на
Poster

Од 24-ти до 26-ти август август ќе се одржи ФИС Ролер ски купот „Тоше Проески“ со две трки на регионалниот па Кривогаштани-Крушево. 

Настанот започнува со официјален тренинг во петок во 15 часот, а трките се закажани за сабота во 9 часот - Поединечен старт, 12 километри за мажи и 6 за жени.

Недела во 9 часот 10 километри за мажи и 5 километри. 

ФОТО Влатко Стефановски со одличен настап во Крушево

Vlatko stefanovski

Поранешниот гитарист на познатата македонска група Леб и сол, а сега соло изведувач Влатко Стефановски синоќа внесе позитивна енергија, донесе забава во Крушево и инспирира многу фотографии и видео записи од неговиот настап.

Како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Републиак“ на 9-ти август во градскиот парк во Крушево настапи Влатко Стефановски кој ги привлече не само крушевчани, туку и посетителите од соседните градови околу Крушево. 

Стефановски отсфири и отпеа дел од неговите најпознати песни и со присутните сподели дел од својата харизма.

Тениска школа за најмладите

Започнува на
Завршува на
Tennis school

На 10-ти август на тениските игралишта по втор пат ќе се одржи тениска школа за најмладите. Оние што сакаат да учествуваат доволно е да бидат во 9 часот на тениските игралишта и да носат соодветна облека на себе.

Ова е втор пат како оваа школа се одржува во Крушево и е организирана од страна на тенискиот клуб „Југ“ од Скопје.

Затворање - Десет дена Крушевска Република

Започнува на
Завршува на
Big Band
Затворањето на Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ ќе започне со концерт на Биг бенд - Здружение на џез музичари со почеток во 20:30ч. пред споменикот Илинден. Потоа следи спуштање и засолнување на бајракот и почесна стрелба во чест на борците за слобода. Во 20:30 бидете пред споменикот Илинден, на Гумење.

Влатко Стефановски во Крушево - 10 дена Крушевска Република

Започнува на
Завршува на
Vlatko stefanovski
Познатиот македонски музичар ќе настапи во крушево на 9-ти август како дел од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“. Влатко Стефановски е регионално познат гитарист кој настапува со децении и ова не е негов прв настап во Крушево. Настанот е закажан за 9-ти август, во 21:30 во градскиот парк во Крушево.

ФОТО Концерт на Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска

Елена Дојчинова

Во рамки на 7-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ концерт одржаа Елена Дојчинова на флејта и Марија Ѓошевска на пијано.

Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска се едни од најголемите професионалци во својата работа, а зад себе имаат многу настапи кои зборуваат за нивното долгогодишно искуство како музичари

На концертот, меѓу другите, присуствуваше и директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески со неговото семејство.