featured

Што им треба на младите во Крушево?

IYCKr

Социјалниот живот во Крушево некогаш знаел да биде навистина на ниско ниво. Без кафулиња, вечерни забави, ресторани, спортски игралишта, култура и различен тип на настани кои се исклучиво посветени на слободното време и неформалното образование. 

When in Krusevo 2017 ДЕН 1

When in Krusevo

When in Krusevo е фестивал на отворено кој за прв пат се одржа минатата година од 4-ти до 6-ти август и организаторите веќе работат на вториот дел од фестивалот оваа 2018 година.

Се работи за настан кој вклучува кампување, планински велосипедизам, планинарење, параглајдинг, музички ноќни настани во природата околу Крушево. 

Ви претставуваме кратко резиме од првиот ден.

ФОТО Концерт на Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска

Елена Дојчинова

Во рамки на 7-от ден од Манифестацијата НКС „Десет дена Крушевска Република“ во домот на култура „Наум Наумовски Борче“ концерт одржаа Елена Дојчинова на флејта и Марија Ѓошевска на пијано.

Елена Дојчинова и Марија Ѓошевска се едни од најголемите професионалци во својата работа, а зад себе имаат многу настапи кои зборуваат за нивното долгогодишно искуство како музичари

На концертот, меѓу другите, присуствуваше и директорот на Македонската филхармонија Виктор Илиески со неговото семејство.

Сеќавање на Тоше, фановите ги пееја неговите безвременски песни

TOse Proeski

Одбележувањето на годишнината од раѓањето на Тоше Проески беше исполнет со песните на Тоше интерепретирани од млади пејачи од Крушево и пријателката на Тоше Елена Ристеска.

Настанот се одржа на 25-ти јануари 2019 во спомен куќата „Тодор Проески“ во Крушево и ги собра фановите на Тоше од Македонија, Бугарија, Словенија, Србија и други.

Во видеото подолу можете да погледнете извадоци од настанот и да ја почувствувате атмосферата.

(ФОТО) Втора вечер Крушево будно

Крушево будно

Се одржа втората вечер од фестивалот Крушево будно и забавата што изведувачите ја понудија го наполна градскиот парк во Крушево по втор пат овој викенд.

На втората вечер настапуваа ди џеј Грувмен и ди џеј Перо, Тајзи и ди џеј Андреј Ѓошев. 

Забавата траеше до раните утрински часови и со тоа заврши третото издание на Крушево будно.

 

Македонско и Унгарско пред Светско параглајдинг првенство

Macedonian and Hungarian Open Krusevo 2018

Македонското и Унгарско параглајдинг првенство дел од пред Светските првенства 2018 се одржа во Крушево од 5-ти до 11-ти август со 134 учесници. Дополнително, во исто време на полетувалиштето на Мечкин Камен имаше уште стотина рекреативни параглајдеристи кои го исполнуваа небото со различни бои. 

Од недела, 26-ти август, започнува Нордик опен.

Зимска разгледница од Крушево (12.02.2019)

Biljana Puleska

Се' уште врне во Крушево и посетителите и крушевчани направија одлични фотографии од нашиот град.

Голема благодарност до Кире Крстески, Љубица Трајкоска, Дајана Чобанова, Сотир Габелоски, Томе Христоски, Петар Бегалиноски, Билјана Пулеска.

Ако сакате да бидете дел од зимските разгледници испрќајте ни ги вашите фотографии:

Vikendvokrusevo@yahoo.com

vikendvokrusevo@gmail.com

Крушево е подготвено за параглајдинг натпреварите, лето 2018

Paragliding Summer 2018

Општина Крушево во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Воздухопловната федерација на Македонија ќе работат на промоција на Европското првенство во змејарство кое започнува на 8-ми јули и ќе трае до 21-ви.

Во периодот што следи ќе се одржат неколку прес конференции, ТВ рекламирање и Фејсбук кампањи посветени на Европското првенство во змејарство.

За локалната самоуправа поддршката од Федерацијата и Агенцијатаа е од голема важност за организација за ова првенство. 

Крушево будно 2018 - прва вечер

Крушево будно

Се одржа првата вечер од музичкиот фестивал Крушево будно на кој настапија ди џеј Тасескии, Хуго и Бокаконга, ДАФ Проџект и Дисконектед. Од 22 часот градскиот парк беше целосно исполнет и забавата траеше до 3 часот наутро.

Вечерва не очекува втората вечер со Тајзи, ди џеј Перо и Грувмен и Андреј Ѓошев со почеток од 21:00 часот.

Крушево будно се одржува по трет пат годинава од страна на Локален младински совет Крушево и општина Крушево.

Monument Ilinden

Споменик Илинден

Изграден на историското Гумење споменикот Илинден е откриен на 2-ти август 1974 и денес го посетуваат стоитици и илјадници посетители од Македонија и Европа. 

Споменикот е симбол на борбата и непокорот на македонскиот народ, а внатрешноста на објектот симболично ја претставува маката на македонскиот народ за независност. Исто така, околината на споменикот ги симболизира загубените животи на многу борци.