featured

Зимска разгледница од Крушево (12.02.2019)

Biljana Puleska

Се' уште врне во Крушево и посетителите и крушевчани направија одлични фотографии од нашиот град.

Голема благодарност до Кире Крстески, Љубица Трајкоска, Дајана Чобанова, Сотир Габелоски, Томе Христоски, Петар Бегалиноски, Билјана Пулеска.

Ако сакате да бидете дел од зимските разгледници испрќајте ни ги вашите фотографии:

Vikendvokrusevo@yahoo.com

vikendvokrusevo@gmail.com

When In Krushevo 2019

Започнува на
Завршува на
Paragliding photo from When In Krushevo 2018

Со големо задоволство ги објавуваме датумите на одржување на третото издание на „Вен ин Крушево 2019“, еден од најуспешните и најпопуларните настани во Крушево. Од 21 фо 23 јуни искусете ја секоја природна убавина што овој града може да ја понуди.

Зошто го создадовме krusevo.com

Krusevo

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Зимска разгледница од Крушево (04.02.2019)

Dayana Chobanova

Во Крушево се' уште врне и ќе имаме уште снего овој месец. Заедно со тоа ќе имаме уште повеќе зимски пејсажи од Крушево фатени од фотогапаратите и телефоните.

Во текот на минатата седмица нашите следачи напавија некои прекрасни фотографии.

Голем поздрав до авторите на фотографии и големо благодарам за нивната поддршка: Даја Чобанова, Емилија Андрееска, Михајло Фити, Наум Ристески, Сотир Габелоски, Марија Филипова, Ирена Блажеска.

Испраќајте ни ги вашите фотографии:

vikendvokrusevo@yahoo.com
vikendvokrusevo@gmail.com

Спортот во Крушево е амбасадор на градот

Krusevo

Спортот е еден од адутите на Крушево во процесот на промоција на градот, но и покажување на сестраната успешност на ова место на 1 250 метри надморска висина. Во Крушево функционираат неколку спортски клубови од различни спортови и покрај тешката финансиска состојба на секој од нив тие имаат историја на постоење, учествување на натпревари и нижење на успеси, кои истовремено се успеси на градот.

Македонско и Унгарско пред Светско параглајдинг првенство

Macedonian and Hungarian Open Krusevo 2018

Македонското и Унгарско параглајдинг првенство дел од пред Светските првенства 2018 се одржа во Крушево од 5-ти до 11-ти август со 134 учесници. Дополнително, во исто време на полетувалиштето на Мечкин Камен имаше уште стотина рекреативни параглајдеристи кои го исполнуваа небото со различни бои. 

Од недела, 26-ти август, започнува Нордик опен.

Што им треба на младите во Крушево?

IYCKr

Социјалниот живот во Крушево некогаш знаел да биде навистина на ниско ниво. Без кафулиња, вечерни забави, ресторани, спортски игралишта, култура и различен тип на настани кои се исклучиво посветени на слободното време и неформалното образование. 

Крушево будно 2018 - прва вечер

Крушево будно

Се одржа првата вечер од музичкиот фестивал Крушево будно на кој настапија ди џеј Тасескии, Хуго и Бокаконга, ДАФ Проџект и Дисконектед. Од 22 часот градскиот парк беше целосно исполнет и забавата траеше до 3 часот наутро.

Вечерва не очекува втората вечер со Тајзи, ди џеј Перо и Грувмен и Андреј Ѓошев со почеток од 21:00 часот.

Крушево будно се одржува по трет пат годинава од страна на Локален младински совет Крушево и општина Крушево.

Параглајдинг: Озон опен 2018

Започнува на
Завршува на
Paragliding Krusevo

Интернационалниот параглајдинг натпреват Крушево Озон опен 2018 ќе се одржи од 22-ри јули 2018г. па се до 28-ми на стартот на Мечкин Камен во Крушево.

Ова е настан кој следи и претходи на десетици параглајдинг натпревари кои ќе се одржуваат ова лето во Крушево.

Лето во Крушево 2018

Krusevo

Како што наближува летото така и Крушево се подготвува за многу настани кои овој период од годината ќе го направат поисполнет од кога било. Кога врз тоа ќе ги додадете и параглајдинг натпреварите, меѓу кои и Европското првенство во змејарство во јули месец, летово рестораните, пицериите, хотелите, кафулињата и приватното сместување ќе имаат полни раце работа.