Зошто го создадовме krusevo.mk
Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.
Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.