June 2018

Небото над Македонија исполнето со змејови: Европско и Светско првенство во Змејарство ни гостуваат летово во Крушево

European Gliding Championship
Воздухопловната Федерација нa Македонија (ВФМ) ќе биде организатор на 20-то Европскопрвенствовозмејарствокласа 1 (Hanggliding) и 8-мо Светско Првенство во змејарство класа 5 (Rigid wings)во дисциплината крос кантри. Натпреварите ќе се одвиваат во Крушево и Пелагонискиот регион од 8 до 21 јули 2018година. Стартните локации ќе бидат во Крушево на Мечкин Камен, а во регионот на Прилеп,с.

Влатко Лозаноски за 1-ви август во Крушево

vlatko Lozanoski

Познатиот македонски пејач Влатко Лозаноски ќе настапи на отворањето на манифестацијата „Десет дена Крушевска Република“ на 1-ви август 2018 во Крушево. Влатко Лозаноски ќе го придружува неговиот бенд, а сцената ќе биде поставена на историското „Гумење“.

Крушево е подготвено за параглајдинг натпреварите, лето 2018

Paragliding Summer 2018

Општина Крушево во соработка со Агенцијата за млади и спорт и Воздухопловната федерација на Македонија ќе работат на промоција на Европското првенство во змејарство кое започнува на 8-ми јули и ќе трае до 21-ви.

Во периодот што следи ќе се одржат неколку прес конференции, ТВ рекламирање и Фејсбук кампањи посветени на Европското првенство во змејарство.

За локалната самоуправа поддршката од Федерацијата и Агенцијатаа е од голема важност за организација за ова првенство. 

Лето во Крушево 2018

Krusevo

Како што наближува летото така и Крушево се подготвува за многу настани кои овој период од годината ќе го направат поисполнет од кога било. Кога врз тоа ќе ги додадете и параглајдинг натпреварите, меѓу кои и Европското првенство во змејарство во јули месец, летово рестораните, пицериите, хотелите, кафулињата и приватното сместување ќе имаат полни раце работа.