Општина Крушево во соработка со ООУ „Никола Карев“ Крушево организираат манифестација за одбележување на Денот на Власите 23 мај.
Настанот ќе се одржи на 22-ри мај во Дом на култура „Наум Наумовски Борче“ со почеток во 12 часот, а ќе содржи музички, ритмички и литературни точки одбележувајќи ги влашките култура, традиција, историја и обичаи.
По завршувањето на манифестацијата ќе следи скромен коктел во Влашката одаја, сместена во зградата на градскиот пазар Крушево.