Лето во Крушево 2018

Лето во Крушево 2018

Krusevo
Krusevo
paraglifing krusevo
love krusevo
Krusevo

Како што наближува летото така и Крушево се подготвува за многу настани кои овој период од годината ќе го направат поисполнет од кога било. Кога врз тоа ќе ги додадете и параглајдинг натпреварите, меѓу кои и Европското првенство во змејарство во јули месец, летово рестораните, пицериите, хотелите, кафулињата и приватното сместување ќе имаат полни раце работа.

Јуни месец започна, а општина Крушево уште од почетокот на овој месец започнува со организирање на предвидените настани кои ќе траат се до крајот на август месец. Во секој случај, летото го презема местото на зимата и се повеќе настани заземаат место во овој период од годината. Сепак, крајната цел е Крушево да биде атрактивна дестинација цела година.

Овој напис е само мала најава за она што не очекува. Ќе се организираат повеќе традиционални настани кои веќе неколку години се организираат во Крушево почнувајќи од театар, музика, спорт и адреналин. Но, има и нови настани кои за прв пат ќе се одржат оваа година на територија на град Крушево. За новите настани, како и за досегашните ќе бидете навремено известени.

Она што вреди да се потенцира е дека кога сме кај оние настани кои со години се одржуваат во Крушево ќе бидат изменети, надополнети и модернизирани. Постоечките настани во Крушево ќе се надградуваат и преку нив ќе се обидеме да привлечеме повеќе посетители и да ги популаризираме настаните, а со тоа и Крушево.

Останете со krusevo.mk(krushevo.com), следете ги нашите Фејсбук страници: Discover Krushevo, Викенд во Крушево и Томе Христоски - Градоначалник на општина Крушево и бидете во тек со сите настани.