February 2018

(Видео) Прилог на ТВ 21 за Крушево

Телевизиската куќа ТВ 21 направи еднодневна тура на Крушево во која ја претстави зимската идила на градот, богатството што со себе го носи и ги слушна проблемите на граѓаните заедно со ставот на носителите на одлуки.

Емисијата се вика Урбан таг, а прилогот за Крушево е наречен Репортажа за Крушево: Град музеј и зимската идила.

Емисијата погледнете ја на следниот линк:

https://www.youtube.com/watch?v=fUkkVCsy8_s

Зошто го создадовме krusevo.com

Krusevo

Крушево.ком произлезе од онаа генерална заложба од Крушево да направиме поубаво место. За да го направиме Крушево поубаво место потребно е да отстраниме недостатоци и да го додадеме или создадеме она што модерните градови го прават.

Крушево.ком е создаден исклучиво за промоција на градот и отворање на простор на сите оние кои нудат некакви услуги да имаат каде, освен социјални мрежи, да ги промовираат тие услуги. Но, дополнително, го создадовме Крушево за да послужи како поттик, како некоја цел која мора да ја исполниме.

Што им треба на младите во Крушево?

IYCKr

Социјалниот живот во Крушево некогаш знаел да биде навистина на ниско ниво. Без кафулиња, вечерни забави, ресторани, спортски игралишта, култура и различен тип на настани кои се исклучиво посветени на слободното време и неформалното образование. 

Еден од најголемите настани во Крушево

Секој септември во последните 15 години во хотел Монтана Палас се одржува Интернационалната младинска конференција на која млади лидери од цела Европа ги споделуваат своите искуства, комуницираат со истакнати политичари, иноватори и граѓански активисти и поминуваат неколку дена во Крушево.

IYCKR