Како до Крушево?
Крушево е лоцирано на југо-западниот дел од Република Македонија, 168 километри оддалечено од главниот град Скопје, кој што е исот така и административен и бизнис центар на државата.
Со кола:
Доколку доаѓате со кола, Крушево е лоцирано на 55 километри од Битола и 35 километри од Прилеп. Регионалните патишта го поврзуваат Крушево со овие големи градови во Македонија: Крушево - Прилеп - Скопје, Крушево - Демир Хисар - Битола - Охрид.
Нема автопати кои што поминуваат на територија на Крушево. Најблискиот автопат е рутата М5, која што поминува близу Прилеп.
Со автобус:
Друга можност е да дојдете до Крушево со автобус. Од Скопје до Крушево и обратно има автобуси неколку пати дневно.
Скопје до Крушево: 07:45; 12:00; 16:45; 19:10
Крушево до Скопје: 05:30; 07:00; 15:00; 16:30
Од Битола до Крушево и обратно има автобуси повеќе пати во денот, додека од Прилеп до Крушево и обратно има автобус секој час.
Забелешка: Ве молиме контактирајте не за да добиете најнови информации за автобуси од Крушево и главните градови низ Македонија.
Воздушно:
Крушево е поврзано со два главни аеродроми во Македонија (Скопје и Охрид). Градот исто така е релативно близу до аеродромот во Солун во Грција. Оддалеченоста до овие аеродроми изгледа вака:
- 142 км. до Скопскиот аеродром и
- 130 км. до Охридскиот аеродром
- 250 км. до аеродромот во Солун, Грција.
Забелешка: Веб страните на Аеродромот во Македонија http://airports.com.mk/ и аеродромот во Солун http://www.thessalonikiairport.com/ ќе ви дадат точни информации за летови и авио превозници.