Спомен куќа Тодор Проески
Во спомен куќата Тодор Проески можат да се видат предмети кои зборуваат за животот на познатиот македонски пејач кој загина трагично во 2007-ма година.

Тоше Проески е балканска музичка ѕвезда и во негова чест е изградена спомен куќата. Тој беше амбасадор на Македонија и музички талент кој можеше да достигне светска слава.
Спомен куќата е отворена во април 2011-та година и оттогаш е посетена од повеќе од 600 000 луѓе.
Во спомен куќата посетителите можат да ги најдат неговите лични работи, претставување на неговата соба каде што го поминувал слободното време, книгите што ги читал И др. За време на прошетката во зградата постојано се пуштаат неговите безвременски песни кои го збогатуваат местото.
Тоше е роден на 16-ти октомври 1981 година во 11:25 часот и оваа година настанот на кој се одбележа неговото раѓање започна во 11:25 часот. Организаторите велат дека на тој начин сакаат да потенцираат дека Тоше има само датум на раѓање.
Можете да ја посетите спомен куќата Тодор Проески секој ден освен понеделник од 9 до 16 часот.