Вила Себастијан е лоцирана во мирна и спокојна околина на историскиот град Крушево. Нуди посебен панорамски поглед на градот со своите 7 опремени апартмани и капацитет од 28 гости.
Еден апартман има брачен кревет и кревет кој дополнително се употребува, ТВ, Wi-fi, плакар за облека и тоалет. Плус добивате фен, пегла за алишта и крпи.
Нашите кујни ги содржат сите потребни елементи за потребите на нашите туристи.
Вилата поседува парно греење.