Најдоброто место за параглајдинг
Крушево се смета за едно од најдобрите места за параглајдинг во светот. Полетиштето На Мечкин Камен оваа година е домаќин на десетина интернационални натпревари во параглајдинг и змејарство, започнувајќи со Меѓународниот пролетен куп, па во август месец Светско првенство во параглајдерство и меѓународен светки натпревар во змајарство.
Полетиштето се наоѓа на повеќе од 1 400 метри надморска висина, а причината зошто се смета за едно од најдобрите места за овие спортови е неговиот пристапен и безбеден терен со фактот што точките за слетување се блиску до патиштата кои водат до Крушево.
Понатаму, општина Крушево многу инвестира во авантуристичкиот туризам каде што централно место има параглајдингот. Неколку проекти го ставаат параглајдерството во фокусот и очекуваните резултати се Крушево да стане една од топ 3 дестинации за параглајдинг и змејарство.
Местото Мечкин Камен, кој е во околината на полетиштето, е место за пикник во летниот период за туристите и крушевчани, а патот до таму е соодветен за пешачење и планински велосипедизам. Пумите околу нудат адреналин, чист воздух и плодна вегетација.
Мечкин Камен е уште едно историско место во градот Крушево и затоа не пропуштајте да го посетите кога сте во Крушево.